Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Известување за неработни денови 24.05.2018 И 25.05.2018 година

Почитувани,



НЛБ Банка АД Скопје ги известува своите акционери дека почнувајќи од 11 јуни ќе врши исплата на дивиденда за 2017 година. Право на исплата на дивиденда за 2017 година имаат сите акционери на НЛБ Банка АД Скопје кои се евидентирани во Извод на акционерска книга од ЦДХВ заклучно со 28.05.2018 година.

 

За акционерите коишто имаат сметки во НЛБ Банка АД Скопје, дивидендата ќе се исплати на нивните трансакциски сметки во Банката.

 

За акционерите коишто немаат трансакциска сметка во Банката, исплатата ќе се врши согласно лично доставен пополнет и потпишан образец од акционерот “Инструкции за исплата на дивиденда” во експозитурите на Банката или во Службата за стратешко планирање и финансиски контролинг, Сектор за финансиско управување во централата на Банката. Идентификацијата на акционерите се врши со документ за лична идентификација, лична карта или пасош.

 

Образецот Инструкции за исплата на дивиденда, за акционерите резиденти, може да се преземе од интернет страната на Банката на следниот линк.

 

Образецот Instructions for dividend payout, за акционерите нерезиденти, може да се преземе од интернет страната на Банката на следниот линк.

 

Покрај образец за инструкции, акционерот е потребно да достави и копија од трансакциска сметка од банката во којашто сака да му биде исплатена дивидендата.

 

Акционерите нерезиденти се должни да достават и копија од пасош со цел обезбедување даночен број од Управата за јавни приходи на Република Македонија.



Со почит,

 

Служба за стратешко планирање и финансиски контролинг

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе