Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Изложбата „Играчки и роботи “ - дел од Скопско лето 2018 се отвора во НЛБ Галерија на 20.7.2018 годи

Во рамки на „Скопско лето“ 2018, на 20.7.2018 година со почеток од 20.30 часот во НЛБ Галеријата ќе биде отворена изложбата „ИГРАЧКИ И РОБОТИ КАКО ЛИКОВНА ИНСПИРАЦИЈА“. Идеен творец на постојката е академскиот скулптор и сликар Лепосава Милошевиќ Сибиновиќ - Лепа од Србија, а изложените дела се од 94 автори од целиот свет. 

  

Милошевиќ Сибиновиќ која гостува благодарение на соработката со ДЛУМ вели: „Човечката потреба за играње, стара колку и човекот, е поврзана со разни предмети, од едноставни, пронајдени во животната средина, до комплексни современи електронски уреди. Играчките се неразделен предмет при растењето кои најмногу го задржуваат детското внимание. 

Во исто време, тие се културен показател за животната средина и времето во кое биле (постоеле) или се се уште актуелни. Малиот човек се идентификува со својот омилен предмет, а честопати во подоцнежните години го чува како симбол на вечен спомен од детството.

 
Во директен контакт со играчките, се стекнува искуство и вештина, се развива имагинацијата, негува желбата за надминување на пречките, се поттикнува натпреварувачкиот дух но и креативен потенцијал. Сето ова од суштинско значење за разбирање на емоционална и психолошка состојба на детето, за подоцна да станат „потпорен столб” во животот и неговото создавање. Детската игра, длабоко врежаниот запис, исфилтриран низ призма на авторски размислувања, преточен на интригантен материјал како што е пергаментот.
Користејќи ги класичните ликовни медиуми: цртеж, графика, сликарки и комбинирани техники, голем број учесници ги “развиле” своите филмови со посебен емотивен набој, што резултира со интересни визуелни рефлексии. Книги, реализирани од различни авторски поетики, блиски на детскиот начин на гледање на нештата, преку реалистични сцени, асоцијативни па се до најапстрактни.“

 

 

Ве очекуваме! 

 

НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

06.08.2026

ЕБРД одобрува зелен финансиски кредит од 4 милиони евра на НЛБ Банка во Северна Македонија

Ново финансирање за станбените објекти во рамките на програмата GEFF III REpower на Западен Балкан. ...

Прочитај повеќе
04.08.2026

Известување за измени во Рамковен договор, Општи услови и Тарифа на надоместоци за правни лица

Прочитај повеќе
27.07.2026

НЛБ Банка го заокружи првото полугодие со силен раст, континуирана дигитална трансформација и унапредено клиентско искуство

НЛБ Банка го заврши првото полугодие од 2026 година, продолжувајќи со силен раст и успешна реализација на своите стратешки приоритети. Според неревидираните финансиски резултати, Банката ја зголеми кредитната активност, оствари раст на депозитната ба...

Прочитај повеќе