Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Изложба на Анкица Влашиќ Гроздоска во НЛБ Галерија

На 4-ти Април 2018 година (среда), со почеток во 20 часот во НЛБ Галеријата, на ул. „Мајка Тереза“ бр.1, Скопје, ќе биде отворена изложбата на академскиот сликар Анкица Влашиќ Гроздоска.

Анкица Влашиќ Гроздоска е родена 04.02.1981 година, во Скопје, Македонија.

2005 година дипломира на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Факултет за ликовни уметности, отсек - сликарство, група графички дизајн под менторство на проф. Танас Луловски и Благоја Маневски.

 

Како активен член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија од 2008 година, позади себе има неколку самостојни ликовни изложби: 2005 година, Скопје, Македонија - „Стилизација на природата“; 2010 година - Загреб, Хрватска; 2010 година, Кавадарци, Македонија - „Печат на времето“; 2015 година, Виена, галерија „Mericon art room“ - „СЕКВЕНЦА“; 2016 година НЛБ Галерија -  „СЕКВЕНЦА“. Воедно е активен учесник во групни проекти во Скопје, Белград, Загреб, како и учество на групна изложба во New York 2007 година.

Добитник е на наградата „Константин Мазев- Коце“ за ликовно творештво мал формат.

 

Најновото ликовно претставување на академскиот сликар Анкица Влашиќ Гроздоска, насловено како „ЗВУЦИ и ЕХА“ го прикажува нејзиниот актуелен тематски интерес и развивање на авторовиот веќе препознатлив стил, во комбинирана техника на платно/печатарска хартија, со инкорпорирање на колажна техника. Воедно, оваа изложба ја дополнуваат и кроки цртежи, со мали димензии и тие придонесуваат кон доловувањето на внатрешниот импулс, кој води кон формирање на покомплексни композиции.

Самиот наслов сугерира на примарниот мотив на ликовното изразување, како што и самата уметница вели„Додавајќи импулсивно препознатливи елементи и ликови направив една прошетка низ околината која ми донесе задоволство. Мојот ликовен израз секогаш го поврзувам  паралелно со околината  барајќи  ја  уметноста во самата себе“.

 „Преку овој начин на техничка реализација на делата, и корелацијата на сликарските елементи и техники, пренесена е уметничката визија и мисла, која нам ни носи едно ново, освежено психолошко пријатно ерцепирање  на моменти од сегашноста и урбани исечоци од животот. Минливите мигови се  доловени преку овие ликовни записи и остануваат сочувани како глетки кои носат лична порака, но и лично доживување на самото постоење...“ - Елена Иванова, Кустос / историчар на уметност.

 

Со почит,

 

НЛБ Банка

 

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

22.05.2026

НЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција - Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка

НЛБ Банка воведува новини во понудата на станбени кредити со кои дополнително ја унапредува достапноста и атрактивноста на финансирањето за купување дом. Истовремено, Банката започна промотивна кампања, нудејќи дополнително олеснување и значајна зашт...

Прочитај повеќе
20.05.2026

НЛБ Банка ја воведува услугата Visa Direct - Брзи и безбедни парични трансфери во реално време

НЛБ Банка воведува нова услуга, Visa Direct, дизајнирана да обезбеди брзи, безбедни и поедноставени парични трансфери,со што дополнително се унапредува финансиската флексибилност и секојдневното корисничко искуство на клиентите. Ова современо дигитал...

Прочитај повеќе
27.04.2026

Силен прв квартал за НЛБ Банка - Одржлив раст, дигитална трансформација и унапредување на корисничкото искуство

НЛБ Банка успешно ги заокружи првите три месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 година. Како резултат на доследно спроведување на планот за 2026 и иницијативите од „Стратеги...

Прочитај повеќе