Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

„Денови на македонска фотографија“ во НЛБ Галерија

Утре, 30-ти Август (четврток) во 20 часот во НЛБ Галерија, пред македонската јавност премиерно ќе биде претставена изложбата: „Актуелен МОМЕНТ во македонската современа фотографија“.

 

Оваа изложба изминативе неколку години успешно ги претстави современите македонски фотографски текови надвор од земјата. Меѓу другото, изложбата гостуваше во Словенија, Град Његова, во еден од само неколкуте постојани галерии на светската фотографска асоцијација ФИАП и во Лесковац, во рамки на Фотографскиот самит на бившите југословенски рапублики, во склоп на Денови на Српска фотографија во Чачак. Сега, истата конечно ќе можат да ја видат и љубителите на фотографијата и во Македонија. Споменатата изложба е дел од овогодишните 56-ти „Денови на македонска фотографија“

 

 

Кратко за изложбата:

„Уметничката фотографија во Македонија има своја традиција и историја. Бидејќи до денес македонската фотографија не е комплетно обработена, ФСМ се труди да ги обработи актуелните збиднувања во фотографијата.
Во Македонија фотографија создаваат многу автори со различни опсервацији, техники и идеи. Тие  се организирани преку клубовите  или како самостојни автори во рамките на ФСМ. Разноликоста во творештвото во фотографијата претставува креативно богатство и придонес кон  културното творештво на Република Македонија. Изложбата „Момент“ е селекција од 30-тина автори кои го предвизвикуваат нашето внимание во овој АКТУЕЛЕН МОМЕНТ, и нашата цел е оваа селекција во иднина да ја прошируваме со нови автори и нови дела.“ - Фото Сојуз на Македонија

 

 

   

Со почит,

  

НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе