Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Со НЛБ Ден започна месецот на штедење во НЛБ Банка АД Скопје

Од 25-ти Септември, со организација на традиционалниот НЛБ Ден, започна  месецот на штедење во НЛБ Банка, оваа година на тема „Штедење и истражување“.

Веќе 6 - та година по ред, НЛБ Денот беше означен преку организација на централен настан во Дирекцијата на НЛБ Банка и преку промотивни активности во сите експозитури на Банката. За децата од неколку основни училишта, во рамките на НЛБ Денот беше организирана посебна забавна и едукативна програма на тема: „Штедење и истражување“.

 

НЛБ денот го означува почетокот на НЛБ Месецот на штедење, кој ќе трае до 25.10.2017 година. Во рамките на истиот НЛБ Банка ќе спроведува акција за собирање на цртежи, во која децата ќе имаат можност да цртаат на тема: „Штедење и истражување“. Своите цртежи децата потоа ќе можат да ги постават на посебна веб страница отворена за таа намена: stedenje.nlb.mk или да ги донесат во било која експозитура на НЛБ Банка. Изборот на најдобри цртежи ќе биде направен врз основа на гласањето преку веб страницата  и од страна на посебна комисија составена од реномирани македонски уметници. Најдобрите цртежи ќе бидат наградени со признанија и парични награди.

    

НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе