Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Семинар „Жени во Бизнис“ во НЛБ Банка АД Скопје

На 02.11.2017 година (четврток) со почеток од 10 до 14 часот во НЛБ Галеријата (на ул.Мајка Тереза бр.1, Скопје) се одржа вториот по ред семинар „Жени во Бизнис“ во соработка со Европска банка за обнова и развој (ЕБОР). Овој Семинар е дел од програмата „Жени во Бизнис“ финансирана од ЕБОР, Шведска, Луксембург и Специјалниот фонд на акционери на ЕБОР и имплементиран во соработка со НЛБ Банка АД Скопје.

Темата на семинарот беше „Развијте го Вашиот бизнис: Проширете го Вашиот бизнис надвор од границите на земјата”, а на истиот присуствува 40-тина преставнички и лидери на компании, кои имаа можност да добијат корисни совети за тоа како да го равијат и прошират својот бизнис надвор од земјата. Истовремено, овој настан претставуваше исклучителна можност за клиентите да ја прошират нивната мрежа на бизнис контакти, да сретнат други „Жени во Бизнис“ од Македонија, да го споделат нивното знаење и искуство за успешната соработка со НЛБ Банка.

 

  

Што претставува кредитната програма за Жени во Бизнис?

  

Договорот во висина од три милиони евра за поддршка на жените претприемачи во Македонија, помеѓу НЛБ Банка АД Скопје и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) е дел од регионалната иницијатива за Западен Балкан - Жени во Бизнисот.

Оваа сеопфатна програма е креирана за промовирање на претприемништвото кај жените, помагајќи им на малите и средни претпријатија управувани од жени во пристапот до финансии и советодавни услуги, овозможувајќи им да остварат раст во работењето.

  

За кого е наменета кредитната програма за Жени во Бизнис?

  

Програмата за „Жени во Бизнис“ е наменета и специјално фокусирана кон мали и средни претпријатија предводени од жени. Овозможува пристап до кредити во износ до 300.000 евра за финансирање на основни средства, но и на средства за тековно работење, по многу поволни услови, со рок на отплата до пет години.

Програмата воедно, нуди не-финансиска поддршка, преку советодавни услуги за изработка на бизнис стратегија, маркетинг, сметководство и информатичка технологија, вклучување во  програма за менторство, како и континуирана поддршка на бизнисот, преку локалните советници.

 

Повеќе информации за кредитната линија можете да добиете во сите 53 експозитури на НЛБ Банка АД Скопје и на веб страната на Банката: www.nlb.mk

 

НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе