Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Промотивна кампања за кредити и воведување на нови денарски депозитни продукти со фиксна каматна ста

Почитувани клиенти,

 

Би сакале да Ве информираме дека НЛБ Банка во периодот до 31.12.2017 година води промотивната кампања за сите кредити за физички лица. Во рамки на кампањата, сите станбени кредити ќе се одобруваат без трошоци за одобрување и без трошоци за проценка.

Исто така, сите потрошувачки и хипотекарни кредити со ризико осигурување ќе се одобруваат без манипулативни трошоци, додека останатите кредити ќе се одобруваат со 50% пониски манипулативни трошоци. 

 

Исто така, Ве известуваме дека НЛБ Банка, со цел поголема транспарентност во поглед на информирањето на клиентите за висината на каматните стапки, воведе нови денарски депозитни и кредитни продукти за физички лица со фиксни и референтни каматни стапки.

   

Депозитните продукти со рочност до 36 месеци се со фиксни каматни стапки, додека каматите за депозитите со рочност на 48 и 60 месеци се врзуваат со референтни каматни стапки. Како референтна каматна стапка е земена Националната референтна стапка (НРС), при што каматната стапка се формира со користење на НРС и определен фиксен додаток или одбиток.

 

Новите кредити имаат фиксни каматни стапки до 3 години во зависност од типот на кредитниот продукт. По истекот на фиксниот период за нив важат варијабилни каматни стапки врзани со Национална референтна стапка или Благајнички записи на што се додава и определен фиксен додаток.

 

Каматните стапки за кредитните картички и лимитите на трансакциска сметка се варијабилни за целото времетраење на продуктот и се условени од движењето на каматните стапки на благајничките записи.

Новите каматни стапки важат од 01.11.2017 година и можете да ги видите на следниот линк:

 

Каматни стапки на депозити за физички лица

 

Повеќе информации за промотивните кампањи можете да добиете во најблиската експозитура на Банката, на телефон 02 / 15 -600 или на веб страницата: www.nlb.mk

 

Со почит,

 

НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

06.08.2026

ЕБРД одобрува зелен финансиски кредит од 4 милиони евра на НЛБ Банка во Северна Македонија

Ново финансирање за станбените објекти во рамките на програмата GEFF III REpower на Западен Балкан. ...

Прочитај повеќе
04.08.2026

Известување за измени во Рамковен договор, Општи услови и Тарифа на надоместоци за правни лица

Прочитај повеќе
27.07.2026

НЛБ Банка го заокружи првото полугодие со силен раст, континуирана дигитална трансформација и унапредено клиентско искуство

НЛБ Банка го заврши првото полугодие од 2026 година, продолжувајќи со силен раст и успешна реализација на своите стратешки приоритети. Според неревидираните финансиски резултати, Банката ја зголеми кредитната активност, оствари раст на депозитната ба...

Прочитај повеќе