Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Нова НЛБ haPPy кобрендирана кредитна картичка со cashback поволности при секое купување

 

На прес конференцијата одржана на 1.11.2017 година во НЛБ Галеријата, НЛБ Банка ја промовираше новата НЛБ haPPy кобрендирана кредитна картичка од програмата на Mastercard во соработка со фирмата „Неп лојалити”. На настанот се обратија Антонио Аргир, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје и Игор Давков, претставник од Неп лојалити.

 

НЛБ Банка како иновативна и технолошки напредна банка, посветена на континуиран развој на своите продукти и услуги, за првпат на пазарот во Македонија промовира картичка со загарантиран поврат на средства (cashback) со секое купување во земјата и странство - НЛБ happy кредитна картичка. Износот на поврат на средства е во зависност од продажното место на кое е реализирана трансакцијата и се движи од 1% до 10% за трансакции реализирани кај трговците – партнери на програмата, додека за сите останати трансакции обезбеден е поврат на средства во висина од 0,6%.

…“ Во развојот на продуктот се водевме од истражувањата на пазарот, потребите и барањата на клиентите, а со цел подигнување на задоволството на клиентите и остварување на долгорочен однос, соработка и лојалност. За првпат на клиентите им нудиме кредитна картичка со меѓународна важност чија примарна карактеристика е поврат на средства (Cashback) при речиси секоја трансакција во земјата и странство. Конечно, идејата на оваа картичка е на клиентите да им овозможиме што повеќе бенефиции и поголема додадена вредност во секојдневното нивно купување, а картичката да стане “top of the wallet” или со други зборови- НЛБ haPPy картичката да биде првиот избор на клиентите при изборот на картичка за плаќање.“ - изјави Антонио Аргир, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка.

 

За НЛБ haPPy картичката клиентите може да аплицираат во сите експозитури на НЛБ Банка и во продажните салони на Нептун. Дополнителна предност на картичката е тоа што при самото аплицирање во продажните салони на Нептун, воведено е и инстант одобрување на кредитен лимит на картичката и можност за реализирање на првото купување во истиот момент, без физичко поседување на картичката.

Во моментот партнерската мрежа се состои од 90 трговци со повеќе од 400 продажни места. Согласно стратегијата на НЛБ haPPy програмата, планирано е континуирано проширување на партнерската мрежа и надградување на висината на повратот на средства, односно создавање на најголемото семејство на потрошувачи во Македонија.

   

 НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

06.08.2026

ЕБРД одобрува зелен финансиски кредит од 4 милиони евра на НЛБ Банка во Северна Македонија

Ново финансирање за станбените објекти во рамките на програмата GEFF III REpower на Западен Балкан. ...

Прочитај повеќе
04.08.2026

Известување за измени во Рамковен договор, Општи услови и Тарифа на надоместоци за правни лица

Прочитај повеќе
27.07.2026

НЛБ Банка го заокружи првото полугодие со силен раст, континуирана дигитална трансформација и унапредено клиентско искуство

НЛБ Банка го заврши првото полугодие од 2026 година, продолжувајќи со силен раст и успешна реализација на своите стратешки приоритети. Според неревидираните финансиски резултати, Банката ја зголеми кредитната активност, оствари раст на депозитната ба...

Прочитај повеќе