Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

"НЛБ дигитално искуство" - Tech.o настан и Hackathon

Почитувани клиенти,

  

Ве инфомираме дека НЛБ Банка со цел да се вклучи во глобалните трендови на промовирање на современи технолошки иновации и дигитализација, за прв пат оваа година, се јавува како генерален спонзор на  Tech.o настанот (организиран од страна на софтверската компанија Valoso Hub), како и на програмерски маратон Hackathon (настан на кој индивидуални софтверски програмери (или тимови), за краток рок, најчесто 1-2 дена, програмираат одредено решение врз основа на поставени цели од страна на спонзорот – во овој случај НЛБ Банка).

 

Идејата на Tech.o настанот е да овозможи приближување и тесна соработка помеѓу релевантните лидери од областа на бизнисот, ИТ сферата, сопствениците на стартапи и инвеститорите со цел размена на идеи и инвестирање во создавање на еко-систем за развој и промовирање на современи иновативни технологии.

 

Идејата на Hackathon маратоните е привлекување на програмери кои за кратко време, во зависност од целта на настанот, треба да создадат и испорачаат одредена вредност, софтвер, идеја, иновативен концепт. Во рамки на Hackathon настанот, НЛБ Банка се јавува во улога на генерален спонзор.

 

Темата на Hackathon-от, кој оваа година е посветен на Банката е:
NLB дигитално искуство (NLB Digital experience)

На настанот ќе бидат поканети програмери кои индивидуално или во тимови од тројца учесници, ќе се натпреваруваат во програмирање на одредени софтверски решенија.

 

Настанот ќе се одржи на 22/23 Април 2017 година.

  

   

Со почит,

  

НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе