Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка вработува „Развоен проектант и Администратор на бази на податоци” во Сектор за информатичк

Ве поттикнуваме да бидете дел од нашата Банка и нашиот тим на успешни професионалци, посветени на барањата на клиенти, успехот, иновациите и предизвиците во работата, каде што меѓусебната доверба, соработка и почит мегу членовите на тимот и соработниците се основни начела и вредности на нашето работење/делување.

 

Доколку ги споделувате/се препознавате во овие вредности ви нудиме работа во динамично опкружување со бројни можности за обука и професионален развој во нашиот Сектор за информатичка технологија на следниве работни позиции:   

 

  1. Развоен проектант
  2. Администратор на бази на податоци
  3. Систем инженер

 

Отворените работни позиции ви нудат можност да работите на анализа, развој, имплементирање и поддршка на ИТ решенија и платформи, давате предлози за воведување на нови решенија и подобрувања на банкарското работење од областа на  ИТ технологијата кон деловните корисници и клиентите на Банката.

 

 Во продолжение се и описите на работното место, за кое покрај техничките вештини потребни се и  основни „софт“ вештини за комуникација со интерни деловни корисници:

 

 

1. Опис на работното  место Развоен проектант

  • Развој, планирање, одржување и дополнување на програмските решенија;
  • Воведување на нови алатки за релациони бази на податоци при развојот на апликациите;
  • Менторство, советување и поддршка на корисници при развој и употреба на програмски решенија на компјутерските системи;
  • Помош на деловните корисници на системите при тестирање на програмските решенија и проценка на резултатите од тестирање;
  • Учество во воведување нови технологии и стандарди за развој на програмските решенија;
  • Соработка со надворешни изведувачи за развој на нови проектни решенија од областа на банкарската информатичка технологија;
  • Менторство и пренос на знаења;
  • Учество во проектни групи.

 

1.1 Потребни минимум квалификации, вештини и способности за работно место Развоен проектант

  • Завршено високо образование од технички области (Информатика, Електротехника);           
  • Современи и класични алатки за поддршка и развој на софтвер;
  • Познавање на системи за управување со бази на податоци;
  • Аналитичиност, конструктивност и истрајност во изнаоѓање на решенија;
  • Способност за тимска работа и самоиницијативност;
  • Способност за одлучување;
  • Активно познавање на странски јазик (англиски јазик).

 

2.    Опис на работното  место Администратор на бази на податоци

  • конфигурација, одржување и управување со базите на податоци;
  • планирање на стратегија и архитектура на базите на податоци;
  • следење, безбедносен надзор и усогласување на работата на базите на податоци и предлагање на промени и подобрувања;
  • изработка на безбедносни копии и обновување на базите на податоци;
  • следење на перформансите и функционирањето на базите и нивно оптимизирање;
  • соработка при развој на апликации;
  • изработка на упатства, прирачници и стандарди;
  • предлагање и реализација на безбедносни политики и обезбедување на безбедносни механизми.

 

2.1 Потребни минимум квалификации, вештини и способности за работно    место Администратор на бази на податоци

  • Завршено високо образование од технички области (Информатика, Електротехника);
  • Минимум две години работно искуство со администрација на бази на податоци;
  • Активно познавање на Microsoft SQL Server;
  • Способност за тимска работа и самоиницијативност;
  • Способност за одлучување;
  • Активно познавање на странски јазик (англиски јазик).

 

 

3. Опис на работното место Систем инженер


• Одржување, надзор и имплементација на сервери и сервиси Windows Client Server 2008/2012 инфраструктура со повеќе AD контролери, дистрибуирана Exchange платформа и Microsoft сервиси Web и File сервиси, во физичка и      виртуелизациска околина (HyperV и VMware);

• Управување и поврзување со централни Storage системи;

• Поддршка на клиентска Windows инфраструктура.


3.1 Потребни минимум квалификации, вештини и способности за работно место Систем инженер

• Завршено високо образование од технички области (Информатика, Електротехника);

• одлично познавање, специјализација и искуства во системско одржување и администрација на Windows Client Server 2008/2012 Exchange платформа

• Способност за тимска работа и самоиницијативност;

• Способност за одлучување;

• Активно познавање на странски јазик (англиски јазик).

 

 

Заинтересираните своите податоци и CV-ја можат да ги достават на следниот линк заклучно со 31.05.2017, со избирање на работната позиција за која аплицирате.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе