Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка прва на пазарот со комплетна мобилна апликација за правни лица - НЛБ мПроклик

Почитувани,

 

На настанот одржан на 12.04.2017 година во НЛБ Галеријата, НЛБ Банка ја одбележа 15 годишнината од првото електронско банкарство во РМ  - НЛБ Проклик - електронско банкарство за правни лица. На настанот се обратија Антонио Аргир, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје и Блаж Бродњак, Претседателот на НЛБ д.д. Љубљана.

 

Со цел означување на јубилејот 15 години - НЛБ Проклик, а во насока на дигитализирање на банкарското работење, НЛБ Банка прва на пазарот во Македонија воведе мобилно банкарство за правни лица за целосно работење со платниот промет во земјата – НЛБ мПроклик. Исто така, беше промовирана и новата платформа на НЛБ Проклик – електронското банкарство за правни лица со нови и подобрени функционалности.

 

„НЛБ Банка, уште одамна, го препозна предизвикот дека технолошките иновации ќе ги сменат трендовите и ќе донесат огромни промени. Кога станува збор за иднината на банкарството, се повеќе и повеќе луѓе се насочуваат кон решенијата кои ги нуди мобилното банкарство. Во таа насока,  гордо можеме да објавиме дека воведуваме прво  мобилно банкарство за правни лица за целосно работење со платниот промет во земјата– НЛБ мПроклик“, изјави Антонио Аргир Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје.

 

Новата НЛБ мПроклик мобилна апликација за правни лица има модерен и интуитивен дизајн и овозможува едноставен пристап до податоците и проверка на состојбата на сите сметки и бизнис картички на правното лице. НЛБ мПроклик овозможува преглед, филтрирање и превземање на изводи од сметки и налози директно од мобилниот телефон на корисникот. Со апликацијата може да се извршуваат сите плаќања во денарскиот платен промет, само со еден клик – без потреба од дополнителен уред токен, во било кое време и од било кое место. НЛБ мПроклик апликацијата на фирмите им овозможува директен пристап до Банката, 24 часовна директна комуникација преку новата комуникациска платформа, можност за лоцирање на најблискиот банкомат или експозитура, како и пристап до целата палета на продукти и услуги кои Банката им ги нуди на своите клиенти.

  

Преку новата платформа на НЛБ Проклик со нови и подобрени функционалности, на правните лица им е достапна новата услуга  Е-кредити (преглед на кредитите и директно плаќање на обврските), можност за персонализирање на изгледот и прилагодување на начинот на работење, како и комуникациска платформа преку која клиентите ќе можат да остваруваат директна комуникација со Банката во било кое време, да добиваат известувања за новитети и персонализирани понуди од Банката.

На настанот, со цел да ја награди лојалноста на своите клиенти, НЛБ Банка им додели плакети на фирмите кои се 15 години лојални во користењето на НЛБ Проклик, фирмите кои имаат најголем обем во работењето преку НЛБ Проклик и на оние со највисок процент на електронски налози преку НЛБ Проклик.

 

 

 НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

22.05.2026

НЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција - Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка

НЛБ Банка воведува новини во понудата на станбени кредити со кои дополнително ја унапредува достапноста и атрактивноста на финансирањето за купување дом. Истовремено, Банката започна промотивна кампања, нудејќи дополнително олеснување и значајна зашт...

Прочитај повеќе
20.05.2026

НЛБ Банка ја воведува услугата Visa Direct - Брзи и безбедни парични трансфери во реално време

НЛБ Банка воведува нова услуга, Visa Direct, дизајнирана да обезбеди брзи, безбедни и поедноставени парични трансфери,со што дополнително се унапредува финансиската флексибилност и секојдневното корисничко искуство на клиентите. Ова современо дигитал...

Прочитај повеќе
27.04.2026

Силен прв квартал за НЛБ Банка - Одржлив раст, дигитална трансформација и унапредување на корисничкото искуство

НЛБ Банка успешно ги заокружи првите три месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 година. Како резултат на доследно спроведување на планот за 2026 и иницијативите од „Стратеги...

Прочитај повеќе