Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ по 5-ти пат во НЛБ Галерија

Почитувани клиенти,

  

На 14 декември 2017 година (четврток), во 19 часот, во НЛБ Галеријата, на ул. Мајка Тереза бр. 1, Скопје, свечено ќе биде отворена по петти пат традиционалната изложба на дела на Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“ за 2017 година која е во организација на Меѓународната ликовна колонија „Вевчански Видувања“, Компанијата „ВИА“ - Вевчани и НЛБ Банка АД Скопје.

 

На изложбата ќе бидат претставени дела на  еминентни ликовни уметници учесници на Колонијата: Хо Ми Ан (Виетнам), Жаклин Делакрос (Франција) Олга Панкина (Русија), Божидар Дамјановски (Србија), Дарвиш Сајед (Франција), Јасна Вишниќ(Србија), Мустафа Арапи (Албанија), Олга Антоненко (Украина), Марјана Гоџабелиу (Албанија), Алексеј Белугин (Русија), Александар Шеблдаев (Русија), Одил Кортет (Франција), Светлана Орлова (Русија) , како и Петар Попчев, Ниче Василчев, Атанас Атанасоски, Доне Милјаноски, Ставре Димитров-Стадим, Станко Ѓорѓиев, Живко Поповски Цветин и Антони Мазневски од Република Македонија.

 

На изложбата ќе биде промовиран каталогот „Пресликана природа“, во издание на колонијата, во кој се содржани критички осврти и приказ на уметничките дела на сликарите учесници на колонијата во 2017 година.

  

Почнувајќи од 2010-та, секоја година на крајот на месецот јуни, во реномираниот ресторан „Виа Игнација", во Вевчани, се организира Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“. На оваа реномирана културно-уметничка манфестација имаат земено учество над 200 еминентни ликовни уметници од Република Македонија, но и од Република Грција, Русија, Бугарија, Албанија, Србија, Словенија, Египет, Франција, Мексико, Виетнам, Полска, Шведска и др.

Со задоволство Ве каниме да бидете дел од овој традиционален културен настан.

    

Со почит,

  

НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе