Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Изложбата „МиниАртура“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија во НЛБ Галерија

Чест ни е да ве поканиме на отворањето на 8-мото издание на изложбата „МиниАртура“ на Друштвото на ликовни уметници на Македонија.  Отворањето на изложбата е закажано за 29.11.2017 година (среда) во НЛБ Галерија со почеток во 20 часот, a на изложбата ќе се претстават автори-членови на ДЛУМ од цела Македонија


За изложбата „миниАРТура“ од страна на Друштвото на ликовни уметници на Македонија, по осми пат ќе се додели наградата „ЗЛАТНА ЧЕТКА“, а НЛБ Банка петти пат ќе додели една откупна награда насловена како „НЛБ МиниАрт“.

За овој вид на изложба, чии дела имаат мал формат, на која што според веќе усвоените пропозиции делата можат да бидат со максимални димензии 10х10цм, авторскиот концепт за оформување на делото најчесто претставува посебен мисловен процес, поради ограниченоста на димензиите и минуциозноста на ликовниот израз.
Духот на минијатурата се гледа преку компактноста на композицијата и способноста на уметникот да се изрази во ограничен формат. 

Минијатурата не е прикажување на еден детал или исечок од една целина, таа е осмислен концепт во мал формат и представува хомогена и кохерентна целина на еден индивидуален приказ.

Авторите имаа можност без никакви ограничувања, самостојно да ги бираат медиумите во кои ќе ги изработат и прикажат своите дела, со што се нагласува автентичноста на нивната визија за „големината“ на минијатурата.

              

Со почит,

  

НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

06.08.2026

ЕБРД одобрува зелен финансиски кредит од 4 милиони евра на НЛБ Банка во Северна Македонија

Ново финансирање за станбените објекти во рамките на програмата GEFF III REpower на Западен Балкан. ...

Прочитај повеќе
04.08.2026

Известување за измени во Рамковен договор, Општи услови и Тарифа на надоместоци за правни лица

Прочитај повеќе
27.07.2026

НЛБ Банка го заокружи првото полугодие со силен раст, континуирана дигитална трансформација и унапредено клиентско искуство

НЛБ Банка го заврши првото полугодие од 2026 година, продолжувајќи со силен раст и успешна реализација на своите стратешки приоритети. Според неревидираните финансиски резултати, Банката ја зголеми кредитната активност, оствари раст на депозитната ба...

Прочитај повеќе