Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Изложба на Надја Петровиќ во НЛБ Галерија

На 4-ти Септември, 2017 година со почеток во 20 часот, во НЛБ Галеријата (Дирекција на НЛБ Банка на ул. Мајка Тереза 1, Скопје) ќе биде отворена изложбата на академскиот уметник Надја Петровиќ.

Надја Петровиќ е родена во Битола, во 1991 година. Таа е магистер по ликовна уметност и визуелни уметности на Академијата за убави уметности во Фиренца. Својот интерес кон сликарството го манифестира уште во раното детство, а Малиот битолски Монмартр е заслужен за првите допири со ликовната уметност. Како активен член на Малиот битолски Монмартр, таа се здобива со многу награди на локалните, националните и меѓународните ликовни натпревари. За нејзините ликовни освоила две златни плакети во Македонија, златен медал во Португалија, сребрен медал во Кина и прва награда во Бугарија.

Во 2009 година посетувала курсеви по визуелни уметности на престижната школа  Central st martins college of art and design во Лондон. Дипломирала во 2013 година на Академијата ѕа убави уметности во Фиренца (Accadmia di belle arti di Firenze) на отсекот за сликарство. Магистрирала во 2017 година на истата академија, на отсекот за визуелни уметности и нови јазични изразувања. Од 2017 година е студентка на Европската школа за економија - уметност и културен менаџмент (European School of Economics - art and cultural management) во Италија.

   

Учествувала на повеќе групни изложби, меѓу кои изложбата Art in mind во лондонската галерија Brick Lane, како и други помали изложби за време на своите студии во Фиренца, организирани од страна на академијата. Учествувала и на многу други проекти, како што е Фестивалот за керамика во Монтелупо, Италија во 2012 година, работилницата за сликање Swatch часовници во рамки на Шекспир фестивалот во Битола, како и многу други. Живее и активно твори на релацијата Битола – Фиренца.

Ве очекуваме!

 

НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

08.04.2026

Важно известување

Забележани се лажни СМС пораки испратени до клиенти кои водат до сомнителен линк, наводно на НЛБ Банка, во кои се бара да ја ажурирате вашата сметка односно да ги оставите вашите податоци на линкот за да активирате NLB Pay. На линкот се злоупотребен...

Прочитај повеќе
31.03.2026

НЛБ Банка го претставува „NLB Next“ Пакет за млади што ги следи нивната амбиција и независност

Секој „следен“ чекор во животот носи возбуда – прва голема одлука, прва плата, втор дејт - прва девојка, нова работа. И секој „следен“ чекор значи нешто повеќе – возбуда, чувство на раст, на слобода, на сопствен пат. За младата генерација, овие момен...

Прочитај повеќе
27.03.2026

НЛБ Банка: Создаваме подобар свет - Лидерскиот состанок во Охрид започна со општествено одговорна акција

Прочитај повеќе