Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Изложба на Друштвото на ликовни уметници на Србија во НЛБ Галерија

Почитувани,

 

Скопско лето 2017 и НЛБ Банка АД Скопје, Ве канат на отворањето на изложбата на слики, скулптури и графики во организација на Амбасада на Република Србија и Друштво на ликовни уметници на Македонија, во НЛБ Галеријата на 14ти Јули, 2017 година (петок) во 20 часот и 30 минути.

    

Здружението на ликовни уметници на Србија (УЛУС) е една од најстарите организации на Балканот, основана во 1919 година. Струковно здружение, кое ја продолжи работата на првото професионално здружение на српски уметници за пластични уметности и музика. Брои повеќе од две илјади членови, креатори на различни генерации.

 

На изложбата на слики и скулптури во организација на Здружението на ликовни уметници на Србија во соработка со Здружението на ликовни уметници на Македонија, ќе бидат изложени 55 дела.

 

Белег на оваа изложба е пред се аспирациите на двете здруженија и нивните членови на субјективни креативни сили да се поттикне и промовира меѓународната соработка, квалитетот и разновидноста, со размена и собирање на искуства, негување на независен сензибилитет.

Софистицираното и поетско чувство на уметникот, љубов и сензуалност, енергија и инстинктивно чувство за естетика ни даваат претстава за состојбата на духот и обичаите на времето во кое тие создаваат.

 

Специфично и интересно на овој пионерски потфат е богатството на идејни, тематски и изразни радозналости, од една страна, на современи и иновативни, а од друга страна традиционални, но секако карактеристични во своите автентични авторски личности.

Автори:


Пачов Стојан, Милена Бошковиќ,. Маја Николиќ, Миленко Михајловиќ, Галевски Јордан, Влада Милинковиќ, Николиќ Марија. Рашиќ Владимир, Галев Васил, Петровска Данкица, Блажевска Љиљана, Крстиќ Будимија, Цветковиќ Драган Цвеле, Крстиќ Велизар, Грозданиќ Снежана, Тодор Јовановски, Мирјана Крстевска, Станојевиќ Ѓорѓе, Утјешеновиќ Елена, Курузовиќ Александар, Кајтез Татјана, Цариќ Билјана, Чанак Весна, Ковачевиќ Томиќ , Тодоровиќ Гадомски Алина, Стефан Станчиќ, Бојиќ Драгана, Ристиќ Гордана., Татар Весна, Бујиќ Рената, Димовски Цветан, Ена Поповиќ, Ристиќ Миодраг, Милош Шариќ, Ајтоски Славе, Билјана Половина, Драган Станковиќ, Синиша Новески, Владислава Крстиќ, Андреја Прокопијевиќ, Марко Кресоја, Слободан Костадиновски Бока, ​​Билјана Поповиќ, Раде Марковиќ, Марко Вукса, Гордана Белиќ, Драгана Филиповиќ Сантовац, Mayela Leiva Ulloa, Миодраг Роган, Поповиќ Невена, Ненад Миловановиќ, Лепосава Милошевиќ Сибиновиќ.

  

 

Со почит,


НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе