Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Информација за исплатена дивиденда за 2016 година

Почитувани акционери,

 

 

Ве информираме дека на ден 12.06.2017 година е извршена исплата на дивиденда согласно Одлука за употреба и распоредување на остварената добивка по годишна сметка на НЛБ Банка АД Скопје за 2016 година. 

Исплатата на дивиденда се изврши за сите акционери кои имаа сметки во платниот промет или кои имаа доставено уредни инструкции за исплата во предвидениот рок.  

 

Дивидендата за акционерите кои немат доставено сметки во предвидениот рок, ќе биде исплатена на неделно ниво откако истите ќе ја достават до Банката потребната документација, наведена во продолжение:

 

  •  За акционерите коишто немаат трансакциска сметка во Банката, исплатата ќе се врши согласно лично доставен пополнет и потпишан образец за инструкции од акционерот во експозитурите на Банката или во Службата за деловно планирање и анализа, Сектор за финансиско управување во дирекцијата на Банката. Идентификацијата на акционерите се врши со документ за лична идентификација, односно лична карта или пасош.
  • Образецот Инструкции за исплата на дивиденда, за акционерите резиденти, може да се преземе од интернет страната на Банката на следниот линк.    
  • Образецот Instructions for dividend payout, за акционерите нерезиденти, може да се преземе од интернет страната на Банката на следниот линк.
  • Покрај образец за инструкции, акционерот е потребно да достави и копија од картичка за трансакциска сметка од Банката во којашто сака да му биде исплатена дивидендата.

    

   

Со почит,

 

  

НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе