Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Голема изложба на детски цртежи на тема штедење и истражување во НЛБ Банка

Во НЛБ Банка на 30- ти октомври свечено се отвори изложбата на детски цртежи на тема штедење и истражување. Изложбата ја отворија Антонио Аргир - Претседател на Управниот одбор на Банката и македонската уметница Анкица Влашиќ- Гроздоска.

Како поддржувач на уметноста и науката, НЛБ Банка, по повод НЛБ Месецот на штедење, традиционално, по шести пат, организира изложба на детски цртежи на тема штедење и истражување. Цртежите се собираа преку организирани забавно – едукативни посети на повеќе училишта и градинки во Македонија и во самите експозитури на Банката. Почетокот на активностите за собирање на цртежите беше означен со НЛБ Ден, на 25 септември, кој беше организиран во Дирекцијата на Банката. Децата во период од 1 месец, односно до 25 октомври, имаа можност да донесат цртежи кои беа објавувани на посебната веб странаhttp://stedenje.nlb.mk на која се гласаше за најдобар цртеж.

  

Во текот на НЛБ Месецот на штедење беа собрани околу 1.700 цртежи. Цртежите беа разгледувани од комисија составена од ренoмираните македонски уметници: Сергеј Андреевски, Константин Качев, Христијан Санев и Анкица Влашиќ- Гроздоска кои ги издвоија најдобрите цртежи. Покрај наградените цртежи од страна на стручната комисија, награди беа доделени и на цртежите кои освоија најголем број на гласови преку веб страницата на Банката.ајдобрите цртежи на отвoрањето на изложбата беа наградени со парична награда и пофалници, а притоа беа доделени и благодарници на сите училишта и градинки кои учествуваа во активностите за Месецот на штедење.. 

 

Изложбата ќе биде отворена до 25-ти ноември, секој работен ден од 08.00 до 20.00 часот.

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

06.08.2026

ЕБРД одобрува зелен финансиски кредит од 4 милиони евра на НЛБ Банка во Северна Македонија

Ново финансирање за станбените објекти во рамките на програмата GEFF III REpower на Западен Балкан. ...

Прочитај повеќе
04.08.2026

Известување за измени во Рамковен договор, Општи услови и Тарифа на надоместоци за правни лица

Прочитај повеќе
27.07.2026

НЛБ Банка го заокружи првото полугодие со силен раст, континуирана дигитална трансформација и унапредено клиентско искуство

НЛБ Банка го заврши првото полугодие од 2026 година, продолжувајќи со силен раст и успешна реализација на своите стратешки приоритети. Според неревидираните финансиски резултати, Банката ја зголеми кредитната активност, оствари раст на депозитната ба...

Прочитај повеќе