Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Годишно собрание на акционери - Јавен повик 2017 година

Врз основа на членовите 40 и 41 од Статутот на НЛБ Банка АД Скопје, а согласно Одлуката на Надзорниот одбор од 30.03.2017 година за свикување на Годишно собрание на акционери,

 

НЛБ Банка АД Скопје

 

ВЕ ПОКАНУВА да учествувате на Годишното собрание на акционерите на НЛБ Банка АД Скопје

Годишното собрание на акционери на НЛБ Банка АД Скопје, ќе се одржи на ден 11.05.2017 година, со почеток во 10.00 часот, во просториите на НЛБ Банка АД Скопје, на ул. „Мајка Тереза“ бр.1, Скопје, со следниот:

 

Дневен ред

 

1. Избор на претседавач на Собранието;

2. Избор на записничар и на бројач на гласови на Собранието;

3. Предлог – Одлука за изменување и дополнување на Статутот на НЛБ Банка АД Скопје;


4. Годишен извештај за работењето на НЛБ Банка АД Скопје за 2016 година, со:

  • Мислење на Надзорниот одбор по Годишниот извештај за работењето на НЛБ Банка АД Скопје за 2016 година;
  • Предлог – Oдлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на НЛБ Банка АД Скопје за 2016 година и Мислењето на Надзорниот одбор по Годишниот извештај за работењето на НЛБ Банка АД Скопје за 2016 година;


5. Извештаи на Ревизорската куќа, Ернст и Јанг Овластени ревизори ДОО Скопје за извршената ревизија на финансиските извештаи на НЛБ Банка АД Скопје за 2016 година, со:

  • Извештаи за контрола и Мислење на Надзорниот одбор за Извештаите на Ревизорската куќа, Ернст и Јанг Овластени ревизори ДОО Скопје за извршена ревизија на финансиските извештаи на НЛБ Банка АД Скопје за 2016 година;
  • Предлог – Oдлука за усвојување на Извештаите на Ревизорската куќа, Ернст и Јанг Овластени ревизори ДОО Скопје за извршена ревизија на финансиските извештаи на НЛБ Банка АД Скопје за 2016 година со Мислење на Надзорниот одбор по истите;


6. Годишен извештај за работењето на Надзорниот одбор во 2016 година, со:

  • Оцена на работењето на Надзорниот одбор во 2016 година;
  • Предлог – Oдлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје во 2016 година со вклучена оцена на неговата работа од аспект на поединечните членови и колективно во 2016 година;


7. Предлог – Одлуки за одобрување на работењето на членовите на Надзорниот одбор;

8. Годишен извештај за работењето на Управниот одбор во 2016 година, со:

  • Предлог – Oдлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје во 2016 година;


9. Предлог – Одлуки за одобрување на работењето на членовите на Управниот одбор;


10. Предлог – Oдлука за усвојување на Годишната сметка на НЛБ Банка АД Скопје за 2016 година;

11. Предлог – Oдлука за употреба и распоредување на добивката по Годишната сметка на НЛБ Банка АД Скопје за 2016 година;

12. Деловна политика за 2017 година и Стратешки насоки за развојот и работењето на НЛБ Банка АД Скопје за периодот 2017-2021 година, со:

  • Предлог – Oдлука за усвојување на Деловната политика за 2017 година и Стратешките насоки за развојот и работењето на НЛБ Банка АД Скопје за периодот 2017-2021 година;

13. Предлог – Oдлука за назначување Друштво за ревизија;

14. Предлог – Одлука за измени и дополнувања на Деловникот за работење на Собранието на акционери на НЛБ Банка АД Скопје;

15. Предлог – Одлуки за именување на членови на Надзорниот одбор.



Се повикуваат акционерите да учествуваат во работата на Собранието.


Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на Банката е должен да го пријави своето учество на Собранието, најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието до Кабинетот на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје (контакт-телефон: 02/5100-324 и 02/5100-615, телефакс: 02/3105-681).
Секој акционер може да овласти свој полномошник на Собранието со потпишување на писмено полномошно. За секое полномошно дадено во писмена форма, потребно е акционерот веднаш писмено да ја извести Банката, на адреса на седиштето на НЛБ Банка АД Скопје: ул. „Мајка Тереза“ бр. 1, 1000 Скопје или на електронската адреса kabinetuprava@nlb.mk, во спротивно ќе се смета дека не го дал полномошното. Собранието ќе одлучува само по прашања кои се уредно ставени на дневен ред, во согласност со Статутот на Банката и со Законот за трговските друштва. Право на гласање и давање предлози за расправа за одделни прашања, имаат само акционерите кои се сопственици на акции со право на глас.

На својата интернет страница www.nlb.mk , не подоцна од 21 ден пред денот на одржување на седницата на Собранието, НЛБ Банка АД Скопје ќе ги објави и ќе бидат достапни следниве материјали и информации:
содржината на јавниот повик, односно поканата за свикување на седница на собрание на акционери; вкупниот број на акции и вкупниот број на гласачки права кои произлегуваат од акциите со право на глас на денот на објавата на јавниот повик, односно на денот на испраќање на поканата, вклучително и вкупен број на акции од секој род и класа; документите и материјалите кои ќе се разгледуваат на седницата на Собранието на акционери; предложените одлуки од акционерите кои Банката веднаш откако ќе ги прими ги објавува и обрасците за гласање преку полномошник подготвени за преземање електронски од страна на акционерите.

Материјалите од дневниот ред и дополнителни информации согласно Законот за трговските друштва се достапни на увид на акционерите, секој работен ден од денот на објавата на јавниот повик за свикување Собрание, од 10.00 до 13.00 часот, во просториите на НЛБ Банка АД Скопје, на ул. „Мајка Тереза“, бр. 1, 1000 Скопје, Р. Македонија, во Кабинетот на Управниот одбор.


На денот на објава на јавниот повик, Банката има издадено 854.061 (обични акции) акција, од кои со право на глас 852.915 акции.

Во Скопје,


НЛБ Банка АД Скопје

Latest news

Најнови соопштенија за јавноста

24.10.2025

Успешно деветмесечје за НЛБ Банка

НЛБ Банка успешно ги заокружи деветте месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати за периодот од 01.01.2025 до 30.09.2025 година. Во споменатиот период, НЛБ Банка оствари нето добивка во износ од 2.505.628 илјади МКД и забележа з...

Прочитај повеќе
13.10.2025

Известување за спроведување на истражување на задоволството на клиентите - физички и правни лица

Во периодот од 2.10.2025, НЛБ Банка спроведува втор бран анкети во рамки на “Истражување на задоволството на клиентите и истражување за брендот”. ...

Прочитај повеќе
06.10.2025

НЛБ Банка започнува со СЕПА плаќања

Од 7 октомври, НЛБ Банка официјално започнува со плаќања преку СЕПА - Единствениот европски платен простор, овозможувајќи им на своите клиенти, физички и правни лица, побрзи меѓународни трансфери во евра со сите земји членки на СЕПА, со значајно пони...

Прочитај повеќе