Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

„Фортификација на сино” на Валентина Илијевска во НЛБ Галерија

 

Почитувани,

 

Во НЛБ Галеријта на 28.02.2017 година во 20 часот ќе биде отворена изложбата насловена како „Фортификација на сино” на Валентина Илијевска.

 

Илијевска како млад автор, по шести пат се претставува на уметничката ликовна сцена со самостојна изложба, овој пат со 28 минијатури, работени во акрил техника, преку графичкиот јазик на нејзините дела навлегува во метафизичкиот свет каде што ја истражува-бара суштината на човековите вредности.

 

Преку симболот на коцката кој е сеприсутен во нејзините дела ја истакнува човековата интуинтивност за прапочетоците. Сината обоеност на квадратот е обејктивна присутност и потреба за остварување и потврдување на самата објективност.

Валентина Илијевска е родена во Скопје на 25ти Јули, 1987 година, а живее и твори во Куманово. 2010-та година Дипломира на Факултетот за ликовни уметности (ФЛУ) – Скопје, на одделот графика и графички техники. 2014-та година магистрира на отсекот: Конзервација и реставрација на ѕидно сликарство. Илијевска е добитник на: 1-во место Диплома за интернационална изложба „Флора и Фауна” - при Дом на култура и библиотека „Другарче” - Скопје, Македонија, наградата за сликарство „Константин Мазев-Коце” на КИЦ - Скопје, наградата „НЛБ миниАРТ“ за минијатура во рамките на изложбата на ДЛУМ МиниАРТура од НЛБ Банка АД Скопје, наградата за сликарство „Адем Кастрати” при КИЦ – Скопје и 3-то место на „Мини ВоВа Арт“ Будимпешта, Р. Унгарија. Од 2008 година е член во Друштвото на уметници „Широка стаза”-Земун, Србија и од 2012 е член на ДЛУМ - Друштво на ликовни уметници на Република Македонија.

 

Ве очекуваме,

 

НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

06.08.2026

ЕБРД одобрува зелен финансиски кредит од 4 милиони евра на НЛБ Банка во Северна Македонија

Ново финансирање за станбените објекти во рамките на програмата GEFF III REpower на Западен Балкан. ...

Прочитај повеќе
04.08.2026

Известување за измени во Рамковен договор, Општи услови и Тарифа на надоместоци за правни лица

Прочитај повеќе
27.07.2026

НЛБ Банка го заокружи првото полугодие со силен раст, континуирана дигитална трансформација и унапредено клиентско искуство

НЛБ Банка го заврши првото полугодие од 2026 година, продолжувајќи со силен раст и успешна реализација на своите стратешки приоритети. Според неревидираните финансиски резултати, Банката ја зголеми кредитната активност, оствари раст на депозитната ба...

Прочитај повеќе