Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Делата на Адин Хебиб во НЛБ Галерија

Скопско Лето 2017 и НЛБ Банка АД Скопје, ве покануваат на отворањето на изложбата на Адин Хебиб, во НЛБ Галеријата на ул.Мајка Тереза 1, Скопје на 23.06.2017 година во 20.2 часот.

 

Адин Хебиб е академски сликар, роден во 1955 година во Мостар. Се школувал во Мостар и Белград, а завршил во Париз во класата на проф. Борис Цикаловски, каде од 1983 до 1985 год. специјализира експресионизам. Нековиот богат опус на слики и графики опфаќа сценографии, плакати, илустрации на книги и монографии.

 

Адин Хебиб има добиено 11 европски први награди за графички дизајн. Добитник е и на низа други стручни награди и признанија од сите страни на Светот.

Делата на Адин Хебиб се наоѓаат ширум светот. Посебно е горд на муралите кои се наоѓаат во Вашингтон „Исповеди на Босна и Херцеговина“ 1998 година, комбинирана техника, 5,40x2,40m. Значајни се и заедничката работа на Миа Хебиб, Едина Селесковиќ и Адин Хебиб на кулата „Плава Призма“ – Аваз Бизнис Центар, комбинирана техника, 3,20x2,50m., „Мојот живот во 50 слики“, како и муралот „Настанокот на планетата земја“ 19,20x6,50m од 2004 во истиот објект во кој работел со Едина Селесковиќ (Њу Јорк).

 

Исто така и муралот во претставништвото на Кока-Кола во Сараево „Историја на БиХ“, 2000 година, комбинирана техника, 2,20x6,20m и муралот „Elements “ – Импортане центар во Сараево „Американски сон на босански начин“ 2008, комбинирана техника 2,63x4,12m.

 

Откупени дела на Хебиб се наоѓаат во: Ватикан, Греманскиот президиум, Загреб, Гетебург, Инсбрук, Осло, Истанбул, Сарајево, Бретен...

 

 

Ве очекуваме,



НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе