Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Со НЛБ Ден започна месецот на штедење во НЛБ Банка АД Скопје

Од 26-ти Септември, со организација на традиционалниот НЛБ Ден, започна месецот на штедење во НЛБ Банка, ова година на тема „Штедење и хуманост“.

Веќе 5-та година по ред, НЛБ Денот беше означен преку организација на централен настан во Дирекцијата на НЛБ Банка и преку промотивни активности во сите експозитури на Банката.

  
За децата од различни основни училишта, на НЛБ Денот беше организирана посебна забавна и едукативна програма со претстава, квиз, делење подароци и цртање,  на тема: „Штедење и хуманост“.

Во текот на НЛБ Месецот на штедење, во периодот од 26.09.2016 година до 26.10.2016 година, ќе трае акцијата за собирање на цртежи, во која децата ќе имаат можност своите цртежи на тема: „Штедење и хуманост“ да ги постават на посебната веб страницата за таа намена: stedenje.nlb.mk или да ги донесат во било која од експозитурите на НЛБ Банка АД Скопје.

 

По завршување на НЛБ Месецот на штедење, во НЛБ Галеријата ќе биде организирана голема хуманитарна изложба на сите цртежи кои ќе бидат собрани во текот на кампањата и за истите ќе се одржи продажна аукција. Собраните средства од аукцијата ќе се донираат во хуманитарни цели.

 

Најдобрите  цртежи кои ќе добијат најголем број на гласови преку веб страницата  stedenje.nlb.mk и оние кои ќе бидат избрани од страна на посебна комисија составена од реномирани македонски уметници, како и секоја година, ќе добијат признанија и  парична награда.

 

    

НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе