Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Работењето на НЛБ Групацијата во првото полугодие е профитабилно и стабилно

На 26-ти Август 2016 година, на редовната седница на Надзорниот одбор на НЛБ д.д. Љубљана, беа презентирани резултатите од работењето на НЛБ Групацијата во првото полугодие од годината. На седницата се усвои и Стратегијата на НЛБ Групацијата до 2020 година.

НЛБ Групацијата во првото полугодие од 2016 година оствари 69,5 мил. ЕУР добивка по оданочувањето, што е за 30 проценти повеќе отколку во првата половина од 2015 година. На тој начин таа веќе десетти квартал последователно заврши со позитивен резултат. Со добивка работеа сите банки, членки на НЛБ Групацијата и ја подобрија профитабилноста во однос на истиот период минатата година. Повеќе детали за работењето на НЛБ Групацијата се достапни во Извештајот за 1-то полугодие од 2016 година, објавен на 26.08.2016 година. 

  

Во областа на клучните активности од работењето (работење со населението, со големи, средни и мали претпријатија во Словенија и работењето на коминтенти на странските пазари) добивката на НЛБ Групацијата се зголеми за 10,5 милиони евра, односно за 18 проценти во однос на истиот период минатата година.

  

Нефукнционалните кредити во првата половина од 2016 година се намалија за 146,3 милиони евра и на 30-ти јуни 2016 година изнесуваа 1,75 милијарди евра. Учеството на нефинкционални кредити се намали за 1,4 процентни поени и изнесува 17,9 проценти. Покрај органското намалување на обемот на нефункционалните кредити, НЛБ Групацијата изврши успешна продажба на побарувања на инвеститори во две транши (побарувања од правни и физички лица) во бруто вредност од околу 500 мил. ЕУР. Се предвидува побарувањата да бидат пренесени на инвеститорите и со тоа да се депризнаат во финансиските извештаи во третиот квартал од 2016 година.

  

Трошоците на работењето во споредба со истиот период минатата година се намалија за 2 проценти.  

   

Намалувањето на нивото на исправките и резервациите е последица од подобрениот квалитет на кредитното портфолио.

Во првото полугодие од 2016 година, заради продажбата на пакетот на нефункционалните кредити, НЛБ Групацијата бележеше негативни ефекти од пониските каматни приходи во висина од 4,3 мил. ЕУР и дополнително извршените резервации во висина од 22,6 мил. ЕУР, но сепак успеа и во двата квартали да биде високо профитабилна.

  

Проактивен пристап во продажбатa

 

За подобреното работење на НЛБ Групацијата во првото полугодие од 2016 година во најголема мера придонесе проактивниот пристап во продажбата. Во областа на физичките лица го задржуваме пазарното учество, и покрај акцентот врз профитабилност пред обемот на работењето, а го зголемуваме во областа на кредитите на претпријатијата и продуктите од документарното работење. Сите банки во НЛБ Групацијата бараат деловни можности, коишто ги остваруваат. Притоа тие се сконцентрирани на клиентите, ефикасноста на персоналот задолжен за продажба, на подобрувањето на дигиталните услуги и продажните канали. НЛБ Групацијата ја засили својата позиција во Словенија и надвор од неа, и без оглед на моменталните трендови, денес таа е способна да остварува позитивен, стабилни и одржливи резултати.

  

Управување со ризиците

 

НЛБ Групацијата на крајот од јули 2016 година покажува високо ниво на адекватност на капиталот во висина од 16,6 проценти и добра ликвидносна позиција. Една од најважните цели останува постојаното подобрување на квалитетот на кредитното портфолио со акцент врз квалитетот на новите пласмани и дисперзираноста на портфолиото.

   

Потврдена Стратегијата на НЛБ Групацијата до 2020 година

 

На седницата Надзорниот одбор ја разгледуваше  и ја потврди обновената стратегија на НЛБ Групацијата до 2020 година, за која раководството на Банката е убедено дека претставува основа за понатамошно подобрување на деловните резултати и подобра среднорочна и долгорочна конкурентска позиција. НЛБ Групацијата се соочува со зголемена конкуренција во околина на ниски каматни стапки, со сè поголемите барања на клиентите, кои им даваат предност на дигиталните пазарни канали, како и со дополнителните законодавни барања, кои ја зголемуваат комплексноста и трошоците од работењето, како и со геополитичките ризици и непостојаноста на финансиските пазари.

Затоа идната стратегија на НЛБ Групацијата е насочена кон подобрување на искуството на корисниците, оптимизација на понудата на продукти, поедноставување на банкарските системи и работењето, како и засилување на дистрибутивните канали и капацитети. Обновувањето на стратегијата вклучува и целосно осовременување и надградба на информатичките системи, со што НЛБ Групацијата ќе обезбеди поеластична, поагилна и трошковно поефикасна ИТ структура. Раководството на НЛБ Групацијата верува дека на тој начин соодветно ќе се подготвиме за предизвиците на дигитализацијата и другите предизвици, со коишто се соочува банкарството.

  

НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

19.02.2026

НЛБ Банка и Visa ве носат на најпрестижниот светски фудбалски настан - „Навивај во живо на FIFA World Cup 26™“, овозможено од Visa

Замислете се себеси како навивате од трибините опкружени со неверојатната енергија на илјадници страсни навивачи, адреналин што се чувствува во воздухот и уникатно искуство што се памети цел живот. Ако некогаш сте сонувале да бидете дел од најпрестиж...

Прочитај повеќе
06.02.2026

Двојна победа на НЛБ Банка Скопје на наградите за банкарство на EMEA Finance Europe 2025

НЛБ Банка e добитник на две престижни признанија на финансискиот магазин EMEA Finance Europe од Лондон - осми пат „Најдобра банка“ во Македонија и, за прв пат, „Најдобра дигитална банка“ во регионот на Централна и Источна Европа. Признанијата се потв...

Прочитај повеќе
31.01.2026

Известување за клиенти за персонализиран годишен извештај за надоместоци за платежни услуги

Прочитај повеќе