Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Покана за отворање на изложбата на слики на Mеѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“ – 20

Почитувани клиенти,

  

На 15 декември 2016 година (четврток), во 19 часот, во НЛБ Галеријата, на ул. Мајка Тереза бр. 1, Скопје, свечено ќе биде отворена изложбата од слики на традиционалната Меѓународна ликовна колонија „Вевчански видувања“ за 2016 година.

 

На изложбата ќе бидат претставени дела од еминентни ликовни уметници учесници на Колонијата: Дарвиш Сајед (Франција), Емине Токмакаја (Турција), Олга Панкина (Русија), Љубка Кирилова (Бугарија), Небојша Ѓурановиќ (Србија), Ана Ѓаповиќ (Србија), Бојан Савиќ (Србија), Горјана Миќиќ (Србија), Јелена Тијаниќ Савиќ (Србија), Јелена Враговиќ Цветковиќ (Србија), како и Петар Попчев, Ниче Василчев, Атанас Атанасоски, Доне Милјаноски, Марија Џунова, Спасе Пероски, Серафина Фантаузо, Наталија Пулејова Радеска, Станко Ѓорѓиев, Живко Поповски Цветин и Аница Китаноска од Република Македонија.

 

Воедно на изложбата ќе биде промовиран каталогот „Синергија на убавото“, во издание на колонијата, во кој се содржани критички осврти и приказ на уметничките дела на сликарите учесници на колонијата во 2016 година.

  

Почнувајќи од 2010-та, секоја година на крајот на месецот јуни, во реномираниот ресторан „Виа Игнација", во Вевчани, се организира Меѓународната ликовна колонија „Вевчански видувања“. На оваа реномирана културно-уметничка манфестација, досега имаат земено учество над 100 еминентни ликовни уметници од Република Македонија, но и од Република Грција, Русија, Бугарија, Албанија, Србија, Египет, Франција, Мексико, Виетнам, Полска и др.

    

Со почит,

  

НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе