Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

НЛБ Банка со две нови услуги продолжува да ја предводи дигитализацијата на банкарството во Македонија

На прес конференцијата одржана на 26.05.2016 година во Галеријата на НЛБ Банка, Претседателот на Управниот одбор, Антонио Аргир, презентираше две нови услуги, со кои НЛБ Банка ја продолжува репутацијата на предвесник во дигитализацијата на банкарството во Македонија.

НЛБ Банка од денеска воведе нова и подобрена апликација за мобилно банкарство – НЛБ мКлик и нови Cash In функционалности на НЛБ Банкоматите.

 

Новата НЛБ мКлик апликација на корисниците им нуди можност за извршување на сите банкарски трансакции, во било кое време и од било кое место, без потреба од посета на Банката. НЛБ мКлик апликацијата е единствена на пазарот во Македонија, со својот модерен и интуитивен дизајн, можноста за извршување на сите плаќања со само еден клик, како и on-line отворање на трансакциска сметка. Со цел поголема сигурност и флексибилност при користење на платежните картички на Банката, апликацијата нуди единствена можност за промена на лимитите на картичките (за подигање готовина на банкомат, плаќање во продажна мрежа и интернет плаќања). Исто така, преку НЛБ мКлик апликацијата клиентите имаат постојан увид на состојбите и прометот на сите свои сметки, можат директно да комуницираат со Банката и да го лоцираат најблискиот банкомат или експозитура.

 

Покрај НЛБ мКлик апликацијата, НЛБ Банка воведе нови функционалности на своите банкомати за уплата на готовина за физички и правни лица (Cash In банкомати). Со ова, физичките лица ќе имаат можност да извршат уплата на својата транскациска сметка, кредит или платежна картичка, додека правните лица  ќе можат да уплатат готовина од дневен пазар или на бизнис картичка.

 

Со цел поголема промоција на новите продукти НЛБ Банка води промотивна кампања, во рамките на која сите нови корисници на НЛБ мКлик мобилното банкарство кои ќе аплицираат до 31.07.2016 година, ќе имаат можност за бесплатно користење на апликацијата во времетраење од 2 месеци.
Дополнително, за правните лица сите уплати на дневен промет преку Cash In банкоматите во периодот до 31.07.2016 година, ќе се реализираат без провизија за уплатата.

 

НЛБ Банка АД Скопје

 

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе