ЕБРД одобрува зелен финансиски кредит од 4 милиони евра на НЛБ Банка во Северна Македонија
Ново финансирање за станбените објекти во рамките на програмата GEFF III REpower на Западен Балкан. ...
Почитувани,
Ве известуваме дека, дивидендата од акциите на НЛБ Банка АД Скопје, според Одлуката за употреба и распоредување на остварена добивка по годишна сметка на НЛБ Банка АД Скопје за 2015 започнува да се исплаќа од 10 јуни.
За акционерите коишто имаат сметки во НЛБ Банка АД Скопје, дивидендата ќе се исплати на нивните трансакциски сметки во Банката.
За акционерите коишто немаат трансакциска сметка во Банката, исплатата ќе се врши согласно лично доставен пополнет и потпишан образец за инструкции од акционерот во експозитурите на Банката или во Службата за деловно планирање и анализа, Сектор за финанскиско управување во централата на Банката. Идентификацијата на акционерите се врши со документ за лична идентификација, лична карта или пасош.
Образецот Инструкции за исплата на дивиденда, за акционерите резиденти, може да се преземе од интернет страната на Банката на следниот линк.
Образецот Instruction for dividend payout, за акционерите нерезиденти, може да се преземе од интернет страната на Банката на следниот линк.
Покрај образец за инструкции, акционерот е потребно да достави и копија од картичка за трансакциска сметка од банката во којашто сака да му биде исплатена дивидендата.
Акционерите нерезиденти се должни да достават и копија од пасош со цел обезбедување даночен број од Управата за јавни приходи на Република Македонија.
За сите информации околу исплатата на дивиденда Ве молиме да се обратите на електронската адреса planiranje@nlb.mk или на телефон 5100 341.
Со почит,
НЛБ Банка АД Скопје
Cоопштенија за јавноста
Ново финансирање за станбените објекти во рамките на програмата GEFF III REpower на Западен Балкан. ...
НЛБ Банка го заврши првото полугодие од 2026 година, продолжувајќи со силен раст и успешна реализација на своите стратешки приоритети. Според неревидираните финансиски резултати, Банката ја зголеми кредитната активност, оствари раст на депозитната ба...