Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Изложба на Стефан Димовски

На 03 Мај 2016 година во 20 часот во Галeрискиот простор на НЛБ Тутунска банка, на ил. Мајка тереза бр.1, Скопје, ќе биде отворана најновата изложба на дела од Стефан Димовски.

Стефан Димовски e роден 1983 година во Скопје, во уметничко семејство. Сериозно започнува да се занимава со акварел во 1995 година. Долгогодишниот престој во Франција му овозможува да воспостави контакти со познати акварелисти, и да ја усоврши акварелната техника до перфекција.

 

Досега има учествувано на повеќе групни изложби во Сан Рафаел, а исто така своите дела ги изложувал во повеќе галерии на југот на Франција.

 

Во 2010/2011 година дел од неговите акварели се селектирани во 11-тото издание на Интернационалниот каталог за модерна уметност (Италија, Рим) – MDS CATALOGO INTRNAZIONALE D`ARTE MODERNA no.11 (EDITRICE D`ARTE CIDA ROMA 2010/2011).

 

Во 2011 добива награда за акварел во конкуренција на 60 сликари и акварелисти на 12 саем за сликари и акварелисти во Сан Рафаел, Франција. (FOIRES AUX CRОUTES DES PEINTRES ET DES AQUARELLISTES - Saint Raphael, France 2011).

 

Во 2011 година исто така добива втора награда за скулптура изработена од отпад за рециклирање, во организација на ПАКОМАК.

 

Истата година учествува на изложба на акварели во организација на општина Карпош- Скопје.

 

Во 2013 година ја оствари својата прва самостојна изложба во Музеј на град Скопје, а во 2014 година ја реализира и својата втора хуманитарна изложба во ликовниот салон на НЛБ Тутунска банка во Скопје.

 

Истата година реализира трета изложба заедно со својот татко Ангел Димовски-Чауш, во Народен музеј Велес (Ликовен салон).

 

Во 2014 година исто така ги изложува своите дела, и прави перформанс во Попова кула.

 

Во 2015 година станува член на ДЛУМ, и учествува на “Експериментален цртеж” - 2015, “МиниАРТура” – 2015, “Годишна изложба на ДЛУМ” – 2015, „Новогодишни честитки - Концепт 37” – 2015, „Хуманитарна аукција во дом на АРМ” – 2015, „Мал формат” КИЦ Скопје – 2015. Во 2016 учествува на 16-ти ЗИМСКИ САЛОН – Скопје.

 

Негови дела се наоѓаат во повеќе институции и приватни колекции во земјава и странство.

 

Во неговите дела покрај чистиот акварел, присутна е и комбинирана техника (акварел, колаж, акрилик, сепиа).

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе