Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Изложба на Анкица Влашиќ во НЛБ Тутунска банка

На 4-ти Април 2016 година, во 20 часот во Галерискиот простор на НЛБ Тутунска банка, на ул. „Мајка Тереза“ бр.1, Скопје, ќе биде отворена изложбата на академскиот сликар Анкица Влашиќ.

Анкица Влашиќ е родена 04.02.1981 година, во Скопје, Македонија. 2005 година дипломира на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ - Факултет за ликовни уметности, отсек - сликарство, група графички дизајн под менторство на проф. Танас Луловски и Благоја Маневски. Како активен член на Друштвото на ликовни уметници на Македонија од 2008 година, позади себе има неколку самостојни ликовни изложби: 2005 година, Скопје, Македонија - „Стилизација на природата“; 2010 година - Загреб, Хрватска; 2010 година, Кавадарци, Македонија - „Печат на времето“; 2015 година, Виена, галерија „Mericon art room“ - „СЕКВЕНЦА“. Воедно е активен учесник во групни проекти во Скопје, Белград, Загреб, како и учество на групна изложба во New York 2007 година. Добитник е на наградата „Константин Мазев- Коце“ за ликовно творештво мал формат.

 

Проектот насловен како „СЕКВЕНЦА“за прв пат ќе и биде претставен на македонската публика, и како што објаснува самата: - „Како индивидуа, чиj избор е да го користи ликовниот израз за да го престави запазеното од опкружувањето, со доза на личен идентитет, ја користам бојата како инструмент за поврзување на релацијата помеѓу себе си, како автор на ликовното дело и мислите кои ги доставувам на јавноста преку платно. Во своите дела зборувам за сė она за што не сакам да зборувам со зборови. Во моите дела можат да се сретнат елементи кои не опкружуваат во секојдневието, како и ликови, со смирен израз за чија емотивана состојба зборуваат останатите елементи во делото. Со поврзувањето на елементите преку црната разиграна линија, сакам да дадам пулс на делото кој јас го чувствувам. Пулсот е тој кој ни покажува дали ја зборуваме вистината или се лажеме. Мислам дека сите ние имаме дискусија со самите себе и токму таа дискусија, проследена со вибрациите од околината кои ги доживувам  заедно со сознанијата за ликовното изразување, се главната причина за начинот на моето изразување. Не сум сигурна кон кого е упатена пораката за која што тие зборуваат, но знам дека има причина за нивното постоење која имам потреба да ја споделам.“  - Анкица Влашиќ 

 

NLB Banka АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

22.05.2026

НЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција - Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка

НЛБ Банка воведува новини во понудата на станбени кредити со кои дополнително ја унапредува достапноста и атрактивноста на финансирањето за купување дом. Истовремено, Банката започна промотивна кампања, нудејќи дополнително олеснување и значајна зашт...

Прочитај повеќе
20.05.2026

НЛБ Банка ја воведува услугата Visa Direct - Брзи и безбедни парични трансфери во реално време

НЛБ Банка воведува нова услуга, Visa Direct, дизајнирана да обезбеди брзи, безбедни и поедноставени парични трансфери,со што дополнително се унапредува финансиската флексибилност и секојдневното корисничко искуство на клиентите. Ова современо дигитал...

Прочитај повеќе
27.04.2026

Силен прв квартал за НЛБ Банка - Одржлив раст, дигитална трансформација и унапредување на корисничкото искуство

НЛБ Банка успешно ги заокружи првите три месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 година. Како резултат на доследно спроведување на планот за 2026 и иницијативите од „Стратеги...

Прочитај повеќе