Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Хумани преку уметноста! Заедничка хуманитарна акција на клиентите со НЛБ Банка

На 01.12.2016 година, во НЛБ Галеријата се отвори продажна изложба на детски цртежи. На продажната изложба сите присутни гости, клиенти и вработени, со купување на детските цртежи, донираа средства. Од донациите на клентите и Банката, беа собрани вкупно 623 500 денари.

Хуманитарната продажба ја отвори, Антонио Аргир, Претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка: „-Детските цртежи кои имате прилика да ги погледнете вечерва, се најголемата и најубавата изложба што веќе 5-та година по ред ја одржуваме во НЛБ Галеријата, која инаку има во просек по 13 изложби годишно. Но, оваа изложба, се согласувате, е посебна! Годинава за време на НЛБ Месецот на штедење во периодот од 26.09.2016 година до 25.10.2016, ни пристигнаа 1799 цртежи, на тема „Штедење и хуманост“, а за секој примен цртеж НЛБ Банка ќе донира 200 денари.

 

Оваа година решивме да несебично се разделиме од овие мали ремек дела, овозможувајќи ви да понесете дома, дел од детската фантазија, преку купувањето на цртежите по симболична цена од минимум 500 денари.

 

Со мотото на оваа изложба „Заедно можеме повеќе!“, гордо Ви најавувам дека сите средства собрани оваа вечер ќе бидат донирани за Специјална Олимпијада Македонија.”

 

На присутните донатори им се заблагодари и Јулијана Петровска, носител на злато на 50 метри атлетика од Лос Анџелес 2015: „-Денес сум тука да ви се заблагодарам за Вашата поддршка бидејќи со донациите, ни помагате да ја доживееме среќата, задоволството и радоста на успехот, да бидеме храбри и сигурни. Тоа го прави Специјалната Олимпијада за нас, а преку вашите донации со купувањето на овие цртежи и вие ни помагате во оваа цел.“

 

Продажната изложба ќе трае до 05.12.2016 година, период во кој НЛБ Галеријата ќе биде отворена секој ден, а сите посетители ќе можат да купат цртеж и да донираат за Специјална Олимпијада Македонија.

 

Со почит,

  

НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

01.10.2026

НЛБ Банка создава нови урбани простори за младите- Отворена првата NLB Next зона во Дебар Маало

Младите не се само дел од маалото, тие се неговиот најсилен пулс. Денеска НЛБ Банка во паркчето кај „Кино Карпош“ ја отвори првата од четирите NLB Next зони - простор што им припаѓа на младите, за нивните средби, идеи, дружења и иницијативи што го ме...

Прочитај повеќе
15.09.2026

„Top Employer“ сертификат за НЛБ Банка Меѓународно признание за квалитетно работно искуство и високи стандарди во управување со човечките ресурси

НЛБ Банка Скопје се стекна со сертификатот „Top Employer 2026“, меѓународно признание што го доделува Top Employers Institute од Холандија на организации кои применуваат високи стандарди во управувањето со човечките ресурси (ЧР) и создаваат квалитетн...

Прочитај повеќе