Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Голема изложба на детски цртежи на тема штедење и хуманост во НЛБ Банка

Почитувани,

  

По повод светскиот ден на штедењето – 31 октомври, во галерискиот простор на НЛБ Банка денеска свечено се отвори изложбата на детски цртежи на тема: „Штедење и хуманост“. Изложбата ја отворија Антонио Аргир - Претседател на Управниот одбор на Банката и реномираните македонски уметници: Сергеј Андреевски, Христијан Санев и Константин Качев. Како поддржувач на уметноста, НЛБ Банка по повод НЛБ Месецот на штедење организира изложба на детски цртежи на тема штедење и хуманост.

  

Цртежите се собираа преку организирани забавно – едукативни посети на повеќе градинки и училишта во Македонија и во експозитурите на Банката. Почетокот на активностите за собирање на цртежите беше означен со НЛБ Ден, на 26-ти септември, кој беше организиран во Дирекцијата на Банката. Децата во период од 1 месец, односно до 25 октомври, имаа можност да донесат цртежи кои беа објавувани на посебната веб страница www.stedenje.nlb.mk на која се гласаше за најдобар цртеж. Во текот на НЛБ Месецот на штедење беа собрани околу 1.700 цртежи.

  

Цртежите беа разгледувани од комисија составена од ренoмираните македонски уметници: Сергеј Андреевски, Христијан Санев и Константин Качев, кои ги издвоија најдобрите 20 цртежи. Покрај наградените цртежи од страна на стручната комисија, награди беа доделени и на 10 цртежи кои освоија најголем број на гласови преку веб страницата на Банката.

   

Најдобрите цртежи на отвoрањето на изложбата беа наградени со парична награда и пофалници, а притоа беа доделени и благодарници на сите училишта и градинки кои учествуваа во активностите за цртање.

  

Согласно годинешната тема, за штедењето и хуманоста, НЛБ Банка за прв пат во рамките на оваа изложба ќе организира посебен хуманитарен настан на кој ќе се врши продажба на детските цртежи. Дополнително, Банката ќе донира по 200 денари за секој примен цртеж, кои заедно со собраните средства од хуманитарната продажба ќе бидат донирани за хуманитарни цели. Изложбата ќе биде отворена до 25-ти ноември, секој работен ден од 08.00 до 20.00 часот.

  

Со почит,

  

НЛБ Банка АД Скопје

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

06.08.2026

ЕБРД одобрува зелен финансиски кредит од 4 милиони евра на НЛБ Банка во Северна Македонија

Ново финансирање за станбените објекти во рамките на програмата GEFF III REpower на Западен Балкан. ...

Прочитај повеќе
04.08.2026

Известување за измени во Рамковен договор, Општи услови и Тарифа на надоместоци за правни лица

Прочитај повеќе
27.07.2026

НЛБ Банка го заокружи првото полугодие со силен раст, континуирана дигитална трансформација и унапредено клиентско искуство

НЛБ Банка го заврши првото полугодие од 2026 година, продолжувајќи со силен раст и успешна реализација на своите стратешки приоритети. Според неревидираните финансиски резултати, Банката ја зголеми кредитната активност, оствари раст на депозитната ба...

Прочитај повеќе