Какo резултат на внимателно имплементираната деловна стратегија во сите сегменти од работењето на Банката, континуираните продажни активности, успешното управување со ризици и оперативната ефикасност, во периодот од 01.01.2025 до 30.06.2025 година, НЛБ Банка оствари нето добивка во износ од 1.610.020 илјади МКД. Засилениот финансиски моментум се рефлектира и кај годишниот раст на вкупната актива од 18,5%, преку зголемување на вкупните кредити кај небанкарскиот сектор од 18,9% и зголемување на вкупните депозити од 17,6%, во однос на истиот период минатата година.
Ова ја одразува активната поддршка на НЛБ Банка на деловните субјекти и населението, нејзиниот придонес во развојот на домашната економија, како и довербата која депонентите и ја даваат на Банката.
Следејќи ја својата стратешка определба за општествена одговорност, во споменатиот период, НЛБ Банка поддржа бројни проекти од областа на културата, спортот, образованието и додели донации, одговарајќи на значајни социјални прашања. Со ова, Банката го одржува курсот на одговорно и одржливо банкарство, во согласност со своите, и стратешките определби на НЛБ Групацијата од која е дел.
НЛБ Банка влегува во втората половина од 2025 со стабилни финансиски основи и јасна визија. Позитивните резултати се основа за оптимизам во поглед на идниот развој. Банката останува фокусирана на иновации, дигитална трансформација и понатамошно зајакнување на односите со клиентите, со цел да обезбеди поддршка за раст и напредок во периодот што следува.