Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Годишно собрание на акционери - Јавен повик 2016 година

Врз основа на членовите 40 и 41 од Статутот на НЛБ Банка АД Скопје, а согласно Одлуката на Надзорниот одбор од 05.04.2016 година, НЛБ Банка АД Скопје ВЕ ПОКАНУВА да учествувате на Годишното собрание на акционерите на НЛБ Банка АД Скопје

Годишното собрание на акционери на НЛБ Банка АД Скопје, ќе се одржи на ден 10.05.2016 година, со почеток во 11.00 часот, во просториите на НЛБ Банка АД Скопје, на ул. „Мајка Тереза“ бр.1, Скопје, со следниот:

 

Дневен ред

 

1. Избор на претседавач на Собранието;

2. Избор на записничар и на бројач на гласови на Собранието;

3. Годишен извештај за работењето на НЛБ Банка АД Скопје за 2015 година, со:


4. Извештај на Ревизорската куќа, Ернст и Јанг Овластени ревизори ДОО Скопје за извршената ревизија на финансиските извештаи на НЛБ Банка АД Скопје за 2015 година, со:

  • Извештај за контрола и Мислење на Надзорниот одбор по Извештајот на Ревизорската куќа, Ернст и Јанг Овластени ревизори ДОО Скопје за извршена ревизија на финансиските извештаи на НЛБ Банка АД Скопје за 2015 година;
  • Предлог – Oдлука за усвојување на Извештајот на Ревизорската куќа, Ернст и Јанг Овластени ревизори ДОО Скопје за извршена ревизија на финансиските извештаи на НЛБ Банка АД Скопје за 2015 година;


5. Годишен извештај за работењето на Надзорниот одбор во 2015 година, со:

  • Оцена на работењето на Надзорниот одбор во 2015 година;
  • Предлог – Oдлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на Надзорниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје во 2015 година;


6. Предлог – Oдлуки за одобрување на работењето на членовите на Надзорниот одбор;

7. Годишен извештај за работењето на Управниот одбор во 2015 година, со:

  • Предлог – Oдлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје во 2015 година;


8. Предлог – Oдлуки за одобрување на работењето на членовите на Управниот одбор;

9. Годишен извештај за работењето на Одборот за ревизија на НЛБ Банка АД Скопје во 2015 година, со:

  • Оцена на работењето на Одборот за ревизија во 2015 година;
  • Предлог – Oдлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на Одборот за ревизија на НЛБ Банка АД Скопје во 2015 година;


10. Годишен извештај за работењето на Секторот за внатрешна ревизија во 2015 година, со:

  • Мислење на Надзорниот одбор за Годишниот извештај за работењето на Секторот за внатрешна ревизија во 2015 година;
  • Предлог – Oдлука за усвојување на Годишниот извештај за работењето на Секторот за внатрешна ревизија во 2015 година;


11. Предлог – Oдлука за усвојување на Годишната сметка на НЛБ Банка АД Скопје за 2015 година;

12. Предлог – Oдлука за употреба и распоредување на добивката по Годишната сметка на НЛБ Банка АД Скопје за 2015 година;

13. Деловна политика за 2016 година и Стратешки насоки за развојот и работењето на НЛБ Банка АД Скопје за периодот 2016-2020 година, со:

  • Предлог – Oдлука за усвојување на Деловната политика за 2016 година и Стратешките насоки за развојот и работењето на НЛБ Банка АД Скопје за периодот 2016-2020 година;


14. Предлог – Oдлука за усвојување на Листата на нето-должници на НЛБ Банка АД Скопје;

15. Предлог – Oдлука за назначување Друштво за ревизија;

16. Предлог – Кодекс за корпоративно управување;

17. Предлог – Одлука за измена на називот на НЛБ Банка АД Скопје;

18. Предлог – Одлука за измени и дополнувања на Статутот на НЛБ Банка АД Скопје;

19. Предлог – Одлука за измени и дополнувања на Деловникот за работење на Собранието на акционери на НЛБ Банка АД Скопје;

20. Предлог – Одлука за именување на член на Надзорниот одбор;

21. Предлог – Одлука за именување на член на Надзорниот одбор;

22. Предлог – Одлука за именување на член на Одборот за ревизија.


Се повикуваат акционерите да учествуваат во работата на Собранието.

Јавниот повик за свикување на Годишно собрание за 26.04.2016 година, објавен во дневниот весник Утрински весник на 04.04.2016 година, се корегира со овој Јавен повик, во поглед на датата на одржување на Годишното собрание.

Секој акционер кој има намера да учествува на Собранието на Банката е должен да го пријави своето учество на Собранието (пријава за учество на Собранието) најдоцна пред почетокот на седницата на Собранието до Кабинетот на Управниот одбор на НЛБ Банка АД Скопје (контакт-телефон: 02/5100-324 и 02/5100-871, телефакс: 02/3105-681).
Секој акционер може да овласти свој полномошник на Собранието со потпишување на писмено полномошно. За даденото полномошно, потребно е акционерот веднаш да ја извести Банката, на адреса на седиштето на НЛБ Банка АД Скопје: ул. „Мајка Тереза“ бр. 1, 1000 Скопје; или на електронската адреса kabinetuprava@tb.com.mk.

 

Собранието ќе одлучува само по прашања кои се уредно ставени на дневен ред, во согласност со Статутот на Банката и со Законот за трговски друштва.
Право на гласање и давање предлози за расправа за одделни прашања, имаат само акционерите кои се сопственици на акции со право на глас.

 

На својата интернет страница www.nltbtb.com.mk НЛБ Банка АД Скопје, ги објавува следниве информации: содржината на јавниот повик, односно поканата за свикување на седница на собрание на акционери; вкупниот број на акции и вкупниот број на гласачки права кои произлегуваат од акциите со право на глас на денот на објавата на јавниот повик, односно на денот на испраќање на поканата, вклучително и вкупен број на акции од секој род и класа; документите и материјалите кои ќе се разгледуваат на седницата на Собранието на акционери; предложените одлуки од акционерите кои Банката веднаш откако ќе ги прими ги објавува и обрасците за гласање преку полномошник подготвени за преземање електронски од страна на акционерите.

 

Увид во материјалите од дневниот ред може да изврши секој акционер, секој работен ден од денот на објавата на повикот за свикување Собрание, од 10.00 до 13.00 часот, во просториите на НЛБ Банка АД Скопје, на ул. „Мајка Тереза“, бр. 1, 1000 Скопје, Р. Македонија, во Кабинетот на Управниот одбор, или на интернет-страницата на НЛБ Банка АД Скопје, www.nlb.mk.

На денот на објава на јавниот повик, Банката има издадено 854.061 (обични акции) акција, од кои со право на глас 852.915 акции.

Во Скопје,


НЛБ Банка АД Скопје

pdf
80 KB
Усвоени одлуки на годишното собрание на акционери на НЛБ Банка АД Скопје одржано на 10.5.2016 година

Последни новости

Cоопштенија за јавноста

22.05.2026

НЛБ Банка со зголемен максимален износ на станбените кредити и нова промоција - Без манипулативни трошоци и трошоци за проценка

НЛБ Банка воведува новини во понудата на станбени кредити со кои дополнително ја унапредува достапноста и атрактивноста на финансирањето за купување дом. Истовремено, Банката започна промотивна кампања, нудејќи дополнително олеснување и значајна зашт...

Прочитај повеќе
20.05.2026

НЛБ Банка ја воведува услугата Visa Direct - Брзи и безбедни парични трансфери во реално време

НЛБ Банка воведува нова услуга, Visa Direct, дизајнирана да обезбеди брзи, безбедни и поедноставени парични трансфери,со што дополнително се унапредува финансиската флексибилност и секојдневното корисничко искуство на клиентите. Ова современо дигитал...

Прочитај повеќе
27.04.2026

Силен прв квартал за НЛБ Банка - Одржлив раст, дигитална трансформација и унапредување на корисничкото искуство

НЛБ Банка успешно ги заокружи првите три месеци од годинава, покажува анализата на финансиските резултати на Банката за периодот од 01.01.2026 до 31.03.2026 година. Како резултат на доследно спроведување на планот за 2026 и иницијативите од „Стратеги...

Прочитај повеќе