Повикот е отворен до 07.10.2026
За проектот
НЛБ Спорт за млади е долгорочна општествено одговорна иницијатива на НЛБ Банка Скопје, насочена кон поддршка на спортски клубови во земјата кои ја поттикнуваат физичката активност и здравиот стил на живот кај најмладите. Сакаме да ги охрабриме децата да поминуваат повеќе време на терените, во спортските сали и во природа – места каде што се гради карактерот, истрајноста и соработката.
Во текот на сезоната 2026/2027, ќе ги поддржиме младите таленти во следните спортски дисциплини: фудбал, ракомет, кошарка, одбојка и боречки вештини.
За да можете да пријавите за проектот НЛБ Спорт за млади неопходно е да ја пополните Апликацијата за спонзорства и донации на следниот линк.
При аплицирање задолжително изберете ја опцијата „НЛБ Спорт за млади“
Во делот Опис на проект важно е да ги наведете следните податоци во врска со вашиот клуб:
Рокот за прием на апликации е 07.10.2026 година.
Напомена: Правните лица кои аплицираат за спонзорство мора да ги исполнуваат основните услови за аплицирање. Банката, согласно Политиката за донации и спонзорства ќе изврши селекција, и врз основа на дискрециона проценка ќе ги контактира само избраните субјекти за понатамошни чекори.
Ние сме важен партнер на младинскиот спорт
Проектот НЛБ Спорт за млади е посветен на поддршка на спортски клубови низ целиот регион. Сметаме дека спортот има клучна улога во здравиот развој на младите и негува важни животни вредности како што се дисциплина, одговорност и тимска работа. Ако верувате дека вашиот клуб придонесува за позитивни промени во заедницата, аплицирајте за новата сезона на овој проект.
Долгорочна општествено одговорна иницијатива на НЛБ Групацијата