Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Поддршка на спортот

Како членка на Групација која е една од најголемите поддржувачи на спортот во регионот, преку спонзорства и донации, континуирано вложуваме во професионалните, младинските и пара спортовите.

Одговорно и посветено поддржуваме иницијативи што ги инспирираат младите на спорт и ги негуваат вистинските вредности за развој на здраво општество.

Професионален спорт
Гордо стоиме зад оние кои „го оставаат срцето“ на терените и имаат непоколеблива желба за победа.
Младински спорт
Во рамките на проектот НЛБ Спорт за млади, годишно поддржуваме помеѓу 500 и 1000 деца, основци и членови на локални спортски клубови.
Пара спорт
Ние сме двигатели на инклузијата и еднаквоста.

Инвестираме во иднината на домашниот спортски терен

НЛБ Спорт за млади е дел од иницијативата на НЛБ Групацијата за развој на младински спорт, кој има за цел да го промовира спортот меѓу децата, но и да ги здружи и зближи без разлика на пол, етничка припадност, религија или статус. Ние сме уверени дека вклучувањето во спортот не само што го подобрува физичкото здравје, туку и учи на вредни животни вештини. Поттикнувањето на децата да вежбаат го поттикнува холистичкиот развој и ги поставува на пат кон успех и на теренот и надвор од него.

Успехот на врвните спортисти, инспирира и зближува

Соработката со бројни спортски клубови во ракомет, кошарка, карате, шах е наша инспирација и мотив повеќе да им помогнеме да ги остварат своите соништа и да донесат радост за целата земја. Веруваме дека спортот не познава граници, туку дека обединува и зближува и создава генерациски идоли. Затоа нашата мисија и натаму останува, преку овие иницијативи, да придонесеме за развојот на спортот и здравјето во заедницата.

Нашата визија за инклузивна иднина

Нашата поддршка на параспортот е повеќе од спонзорство – таа е израз на нашите вредности и визија за инклузивна иднина и еднакви можности за сите. Преку партнерството со Специјалната Олимпијада Македонија им помагаме на лицата со попречености да ги надминат бариерите, да се охрабрат да бидат активни и видливи, и да го доживеат спортот како начин за личен развој и социјална интеграција.