Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

NLB Smart POS

NLB Smart POS е мобилна апликација за купопродажба која функционира со оперативниот систем Android и која прифаќа бесконтактни (VISA и Mastercard) трансакции со или без ПИН-код.

Прочитај повеќе

NLB Smart POS го овозможува следново:.

Прочитај повеќе

Да, за да jа користите апликациjата NLB Smart POS, потребна е интернет-врска (бежичен интернет, GPRS...).

Прочитај повеќе

Уредот на коj ќе се користи апликациjата Soft POS мора да биде:

Прочитај повеќе

Предуслов за користењето на апликациjата NLB Smart POS е склучување Договор со Банката.

Прочитај повеќе

На Банката ќе треба да ѝ jа пратите Вашата електронска адреса, на коjа ќе Ви биде пратено корисничко име, како и Вашиот телефонски броj на коj ќе добиете еднократен активациски код.

Прочитај повеќе

Да, може да имате само една апликациjа NLB Smart POS инсталирана на секоj уред, коj ќе претставува еден терминал Smart POS. За таа цел, Банката ќе Ви даде корисничко име за секоj мобилен уред, коj ќе биде поврзан со конкретен терминал Smart POS.

Прочитај повеќе

Не е потребно. Можете да имате една електронска адреса и еден броj на мобилен телефон за сите мобилни уреди на кои ќе добиете податоци за регистрациjа.

Прочитај повеќе

По склучувањето на договорот со Банката, постапката е едноставна и брза. Потребни се само неколку чекори:

Прочитај повеќе

За користење на апликациjата NLB Smart POS не е потребен никаков посебен пристап или измени во функциите на Вашиот мобилен уред.

Прочитај повеќе

Платежните картички VISA и Mastercard се прифаќаат на истиот начин како и на вообичаените ПОС-терминали, освен тоа што NLB Smart POS е секогаш бесконтактен.

Прочитај повеќе

Износот на трансакциjата се внесува со помош на тастатурата на Вашиот телефон при процесот на наплата во рамките на апликациjата NLB Smart POS.

Прочитај повеќе

Имателот на картичката може да jа добие потврдата за наплата преку СМС-порака, преку електронска пошта, преку апликациjата Вибер или преку коjа било друга апликациjа што е овозможена на Вашиот телефон и за коjа имателот на картичката дал свои информации за контакт. NLB Smart POS не овозможува печатени хартиени потврди за наплата.

Прочитај повеќе

Списокот на сите извршени трансакции се наоѓа во менито „Поставки“ (Settings) во апликациjата NLB Smart POS. Се зачувуваат сите трансакции извршени во последните 3 месеци.

Прочитај повеќе

Преку апликациjата NLB Smart POS може да се изведуваат ПРОДАЖНИ трансакции, ПРОДАЖБИ со ПИН-код и ПОНИШТУВАЊЕ успешно изведени трансакции.

Прочитај повеќе

Лозинката или ПИН-кодот може да се смени во менито „Поставки“ (Settings) во апликациjата NLB Smart POS.

Прочитај повеќе

На почетната страница на коjа се внесува лозинката/ПИН-кодот за да се наjавите на апликациjата, достапна е опциjата „Заборавен ПИН-код“ (Forgotten PIN).

Прочитај повеќе

Доколку корисникот го промени телефонот, треба да се jави во Контакт центарот на телефонскиот броj на 02/15-600, каде што на барање на корисникот, по негова идентификациjа, ќе се креира нов активациски код за постоjниот корисник на NLB Smart POS. На корисникот ќе му биде пратена нова СМС-порака со нов активациски код на неговиот телефонски броj.

Прочитај повеќе

Апликациjата NLB Smart POS е безбедна. Податоците за картичката не се зачувуваат на Вашиот уред, туку само се пренесуваат во моментот на извршување на платежната трансакциjа.

Прочитај повеќе

Во случаj на проблеми, Ви советуваме да го проверите следново:

Прочитај повеќе

Како и во случаjот на вообичаените ПОС-терминали, потребно е да jа известите Банката, да го раскинете Договорот и да jа избришете апликациjата NLB Smart POS од уредот.

Прочитај повеќе