Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Од 1 март 2026, единствена апликација за потврда на Вашите онлајн плаќања

NLB Pay

Користете го Вашиот мобилен телефон за едноставен, сигурен и ефикасен начин на плаќање.

Дигитален паричник

Koи се предностите?

Бесплатно користење на NLB Pay мобилниот паричник
Со активирање на апликацијата
Брза дигитализација на Вашите картички
Од програмата на Visa и Мastercard
Едноставно и безбедно плаќање
Само со допир на телефонот до ПОС терминалот
Детален приказ на податоци
Состојба на сметка и трансакции
Потврда на Вашите онлајн плаќања
Побрзо, побезбедно и без комплицирани чекори

Плаќајте со Вашиот мобилен телефон

NLB Pay е мобилна апликација која Ви овозможува плаќање преку Apple Pay и Google Pay, директно преку Вашиот телефон, без потреба да носите платежна картичка. Потребно е само да го допрете телефонот до ПОС терминалот и по звучнот сигнал, Вашата трансакција е извршена. 

Подигнете готовина на банкомат

Подигнете средства од банкомат без потреба од носење на Вашата картичка. Дигитализирајте ја картичката на Apple Pay или Google Pay, а потоа:

Отклучете го телефонот
Доближете го до означеното место на банкоматот
Почекајте го звучниот сигнал
Внесете ПИН од картичката
Подигнете ги Вашите средства

Безбедно автентицирајте се при онлајн плаќања

Со новиот начин на автентикација, NLB Pay ви обезбедува уште повисоко ниво на сигурност при користење на вашите картички. Кога трговецот ќе побара дополнителна потврда, трансакцијата ја одобрувате директно преку мобилната апликација, користејќи PIN или отпечаток од прст.
Процедурата е едноставна: кога ќе добиете нотификација во апликацијата, ја потврдувате трансакцијата во NLB Pay, а потоа се враќате на веб-страницата на трговецот за да го завршите купувањето. На овој начин, само вие можете да го потврдите плаќањето – брзо, едноставно и безбедно.

 

 

 

Плаќајте на безбеден и сигурен начин

Уживајте во купувањето и не грижете се за безбедноста на Вашите трансакции

Поставете заклучување на екранот на телефонот за да ги додадете картичките во Apple Wallet или Google Pay
За време на плаќањето не се разменуваат податоци за вистинските картички, туку за токенот (дигитализираните картички).
Следете ги безбедносните совети на Банката и не споделувајте ПИН од Вашиот уред и Вашите картички

Преземете и активирајте NLB Pay

За да го користите мобилниот паричник NLB Pay, потребен Ви е соодветен оперативен систем на Вашиот уред. Препорачуваме да ги имате инсталирано најновите верзии што се во согласност со пропишаните безбедносни стандарди. Тековните минимални потребни верзии на оперативниот систем се: Android 9, iOS 15, EMUI 10 (за Huawei ). Преземете на:

Лесно и безбедно

За да продолжите со непречено интернет плаќање со картичките на НЛБ Банка, Ве молиме преземете ја апликацијата NLB Pay од Вашиот Play Store / App Store.

 

Откако ќе ја инсталирате NLB Pay апликацијата, потребно е да сетирате во Settings заклучување на екран (со пин или патерн) или биометрија (отпечаток со прст или face recognition)

 

Влегувате во NLB Pay:

 

1.Кликнете “Start activation”

 

2.Дозволете нотификации на апликацијата

 

3.Одберете Банка “ NLB Banka Skopje”

 

4.Одберете јазик: " Македонски , Sqipe , English”

 

5.Активација – Внесете ЕМБГ и телефонски број оставен во системот на НЛБ Банка

 

6. На смс порака ќе добиете  “Еднократна лозинка”. Потребно е истата ја ставите во NLB Pay

 

7.Одберете платежна картичка и внесете ПИН од картичката.

 

8.Поставете 6 цифрена лозинка за најава на NLB Pay.

 

Oткако ќе го поминете процесот за најава на апликацијата, за онлајн плаќањата за кои е потребно автентикација, ќе Ви пристигне “Push нотификација“ преку која треба да го одобрите онлајн плаќање.

 

Со тоа го потврдувате интернет плаќањето.

За повеќе информации

<p>Сакате да Ве контактираме?</p>

Сакате да Ве контактираме?

Оставете ги Вашите податоци и ќе Ве контактираме во најкус можен рок.

<p>Јавете се во нашиот Контакт центар</p>

Јавете се во нашиот Контакт центар

Тука сме за сите Ваши прашања 24/7.