Секојдневно банкарство
Сметки
Останати производи
Овие правила и услови се однесуваат на отварање на платежна сметка за физички лица,кои не се клиенти на Банката со електронска идентификација и електронски потпис преку OneID.
Електронска идентификација претставува идентификација на Корисникот со употреба на средства за електронска идентификација, издадени во рамки на регистрирана шема за електронска идентификација на високо ниво на сигурност согласно со закон.
Согласно Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги:
Мобилна апликација OneID – е апликација или средство кое овоможува електронска идентификација на физички лица на високо ниво на сигурност. Електронската идентификација во НЛБ Банка АД Скопје е овоможена преку апликацијата OneID, производ на компанијата КИБС. НЛБ Банка АД Скопје не сноси било каква одговорност за (не)функционирање на мобилната апликација OneID или за било какви околности и основи кои може да настанат од (не)функционирањето на истата. Поседувањето на потребните дозволи и/или согласности од надлежните институции/правни лица во однос на овозможувањето на услугата е под целосна одговорност на КИБС.
Мобилната апликација OneID Ви овозможува да креирате средство за електронска идентификација, со кој може да се идентификувате и електронски да потпишувате документи со својот електронски потпис, од кое било место во светот. Електронскиот идентитет е најсовремено дигитално решение со високо ниво на доверливост со кое добивате пристап до банкарските услуги без да има потреба да посетите шалтер. Апликацијата OneID се инсталира на мобилен уред.
Со прифаќање на условите и правилата Корисникот ја искажува својата согласност дека под целосна морална, материјална и кривична одговорност ги прифаќа условите и потврдува за точноста на личните податоци. Корисникот совесно и одговорно ќе се грижи за својот мобилен уред за да спречи истиот да биде изгубен, украден или злоупотребен од страна на трети лица.
Корисникот ја презема одговорноста во случај на настаната штета поради злоупотреба на мобилниот уред, неовластен пристап од страна на трето лице, злоупотреба на некој од поставените сигурносни елементи на мобилниот уред. Доколку Корисникот не може да отвори платежна сметка поради ситуации кои се надвор од контрола на Банката, не може да бара одговорност од страна на Банката, поради дејство на виша сила или поради дејствија на трети лице или субјекти кои може да доведат до прекинување на користење на услугата, а се надвор од контрола на Банката. Под виша сила се подразбира настан независен од волјата на договорните страни и кои не може да се предвидат, а ако може да се предвидат не може да се спречат или отстранат и може да го оневозможат делумно или целосно исполнувањето на договорните обврски (природни или општествени настани, акти на власт и сл.) согласно Законот за облигациони односи на Република Северна Македонија.
НЛБ Банка А.Д. Скопје не е одговорна доколку има пречки во достапноста на сервисите кои се надвор од контрола на НЛБ Банка А.Д. Скопје.
Корисникот дава согласност за секој поединечен пренос на податоците до мобилните или веб- апликации на правните лица чиишто услуги сака да ги користи, да се идентификува или електронски да потпише.
Апликации преку кои се пристапува до чувствителни податоци, најавата со корисничко име и лозинка не е доволна. Затоа OneID овозможува безбедна најава обезбедена со механизми за силна биометриска автентикација.
За да се отвори платежна сметка електронски со OneID мора да се креира средство за електронска идентификација. Креирањето на средство за електронска идентификација започнува со преземање на мобилната апликација OneID. Апликација е достапна на Google Play, App Store и App Gallery (минимална верзија Android 6.0 (API level 23) или iOS 11.4).
Секој чекор во креирањето електронски идентитет преку OneID е на посебен екран и не може да се префрлите на следниот без да го завршите тековниот чекор.
Отварањето на платежна сметка не може да се изврши доколку:
Личните податоци кои се преземаат од апликацијата OneID не може да се менуваат преку формата за отварање на платежна сметка. Отварање на платежна сметка преку веб страницата на Банката, не може да се заврши доколку немате креирано eлектронско средство за идентификација преку апликацијата OneID.
Внесената електронска пошта (е-маил) и телефонскиот број кои што корисникот ги внел при креирањето на средството за електронска идентификација (OneID) при отварање на платежна сметка преку веб порталот на банката, директно се повлекуваат и истите може да се менуваат.
Идентификација, автентикација и отварање на платежна сметка
При пристапување на клиентот (корисникот) кон отворање на платежна сметка со користење на средство за електронска идентификација преку веб-страницата на НЛБ Банка АД Скопје на следниот линк: https://customer-do-nlb.24x7.com.mk , потребно е корисникот (клиентот) да се автентицира со своја електронска идентификација.
По успешна основна автентикација, позадинскиот систем OneID испраќа т.н. Push нотификација до мобилната апликација за дво-факторска автентикација (2FA). Веб апликацијата на Банката е во состојба на чекање за потврден статус на автентикацијата. Клиентот (корисникот) добива Push нотификација на својата OneID Mobile апликација и го внесува својот PIN или користи биометриски податоци (FaceID/TouchID) за да пристапи до известувањето.
На корисникот му се прикажуваат детали за барањето согласност (име на Банката и податоци кои се бараат: име и презиме, ЕМБГ, личен број за идентификација, пол, датум на раѓање, држава на раѓање, општина на раѓање, населено место на раѓање, број на документ, датум на издавање на документ, важност на документ, тип на документ, место на издавање, јазик, општина на живеење, улица, број, потврда за мобилен број, потврдена емаил адреса, податоци за сертификатот) и му се нудат опции да прифати да даде согласност или да одбие.
Доколку Корисникот (клиентот) даде согласност за преземањето, се креира софтверски токен за пристап, со што далечински го активира приватниот клуч од квалификуваниот сертификат што се чува на далечински QSCD во KIBSTrust системот, за создавање квалификуван електронски потпис на согласноста за преземање на личните идентификациски податоци.
Системот на Банката ги добива податоците за електронска идентификација на корисникот во облик на дигитално потпишан XML фајл.
Во апликацијата за отворање платежна сметка на физички лица, се обработуваат следните податоци за корисникот (клиентот):
Внесената електронска пошта (е-маил) и телефонскиот број кои што корисникот ги внел при креирањето на средството за електронска идентификација (OneID) директно се повлекуваат и истите може да се менуваат.
По завршување со пополнувањето на сите податоци наведени во Апликацијата за отварање на платежна сметка за физички лица, Корисникот ја потврдува нивната веродостојност и точност со електронски потпис.
Апликацијата за отварање на платежна сметка за физички лица се зачувува во pdf формат за кој се остава временски печат како потврда за времето и часот на извршување и истиот Корисникот може да го преземе преку линк кој ќе му биде испратен на адресата на е-пошта оставена за контакт.
Апликацијата за отварање на платежна сметка за физички лица во pdf формат се архивира во електронска архива на Банката и истата има важност како и печатената форма на апликацијата, согласно сите законски утврдени цели за кои се обработува истата. Доколку во моментот на отварање има техничка недостапност на некој од системите кои го поддржуваат процесот на дигитална идентификација, потребно е да се обидете повторно подоцна. Доколку повторно не сте во можност да отворите платежна сметка обратете се во најблиската филијала на Банката.
Корисникот ги сноси сите законски последици и одговорност за евентуално неовластено користење на мобилниот уред на кој е инсталирана апликација OneID.
Корисникот е должен да се придржува на мерките за сигурност при користење на апликација OneID, како и на политиката за приватност при користење мобилен уред.
Во случај на губење или кражба на мобилниот уред, Корисникот сноси одговорност за евентуалната злоупотреба на личите податоци.
Доколку Корисникот не ја почитува обврската за тајност или не се придржува кон мерките за сигурност при користење на мобилниот или друг уред и апликација OneID, одговорен е за секоја нивна злоупотреба. НЛБ Банка АД Скопје не презема никаква одговорност доколку
Корисникот заради надворешни фактори кои не под контрола и одговорност на НЛБ Банка АД Скопје, не може да ја инсталира апликацијата или да направи успешна регистрација на истата и покрај следење на инструкциите од Корисничкото упатство за користење на апликација OneId, односно исполнување на потребните предуслови за користење на апликацијата.
Електронската идентификација во НЛБ Банка АД Скопје е овоможена преку апликацијата OneID, производ на компанијата КИБС.
Клириншка куќа клириншки интербанкарски системи АД Скопје (КИБС АД Скопје) има регистрирана шема за електронска идентификација на шема за електронска идентификација со високо ниво за сигурност, според Законот за електронски документи, електронска идентификација и доверливи услуги.
Повеќе информации за начинот на докажување и верификација на идентитетот на физичко или правно лице кое бара издавање на средство за електронска идентификација и споредувањето со податоците од доверлив извор на податоци, можете да прочитате на: https://trusteid.mdt.gov.mk/ (mioa.gov.mk)
Правилата и условите за користење на услугата KIBS TRUST OneID како и информациите за начинот на обработка на личните податоци од страна на КИБС при корисењето на услугата за електронска идентификација и Политиката на приватност на КИБС, се објавени на веб страницата на Кибс АД Скопје: КИБС АД Скопје (kibstrust.com).
При отварање на платежна сметка во НЛБ Банка АД Скопје, преку формата за отварање на платежна сметка со електронска идентификација, Корисникот (клиентот) прифаќа и потврдува дека:
Контролор на личните податоци на Корисниците (клиентите на НЛБ Банка АД Скопје) внесени преку апликацијата за отварање на платежна сметка (на веб страницата на НЛБ Банка) со користење на средство за електронска идентификација е НЛБ Банка АД Скопје, со седиште на ул. Водњанска бр. 1, 1000 Скопје, Република Северна Македонија.
Контакт информации:
Обработка на лични податоци за цели на отворање платежна сметка од страна на НЛБ Банка АД Скопје се врши во согласност со прописите за банките, а во корелација со начелата за заштита на личните податоци.
Отворањето на платежна сметка со користење на средство за електронска идентификација се врши по барање на клиентот, односно кога самиот клиент пристапува кон отворање на сметка со користење на средство за електронска идентификација.
НЛБ Банка АД Скопје ги обработува личните податоци за цели на исполнување на договор со физичкото лице - корисникот/клиентот, како и со цел да се преземат чекори пред да се склучи договор со физичкото лице, заради исполнување на законска обврска на НЛБ Банка АД Скопје (согласно Закон за банките, Законот за спречување перење пари и финансирање тероризам, Закон за платежни услуги и платни системи и останати прописи од областа на банкарското и финансиското работење), дадена согласност од физичкото лице - корисникот/клиентот (пр.за цели на директен маркетинг), како и цели на легитимни интереси на банката (пр.судски постапки; спречување, истрага и откривање на измами поврзани со платежните услуги...). -
Личните податоци кои согласно закон ги обработува и води НЛБ Банка, може да ги открие на следните категории на корисници: органи на државната власт, државен орган или правно лице основано од државата за вршење на јавни овластувања, агенција или друго тело, во рамките на нивните овластувања и под услови утврдени во согласност со закон; јавни служби согласно закон; физички и правни лица кои за конкретен случај имаат статус на корисник согласно ЗЗЛП, кој е овластен да ги обработува тие лични податоци, следејќи ги и применувајќи ги притоа правилата за заштита на личните податоци и прописите во однос на банкарската тајна (извршители, адвокати, нотари...).
НЛБ Банка АД Скопје, доколку има потреба, може да изврши пренесување на личните податоци на субјектот на личните податоци во други држави што се членки на ЕУ или на ЕЕА и или во други држави што не се членки на ЕУ или на ЕЕА, притоа постапувајќи согласно прописите за заштита на личните податоци.
Банката ги чува личните податоци не подолго од тоа што е потребно за целите поради кои се обработуваат, се додека има договорна обврска со клиентот, односно согласно законски утврдените рокови (десет години по истекот на календарската година во која е затворена платежната сметка, се извршени трансакциите или се евидентирани промените на платежните сметки и/или до завршување на поведена судска постапка).
Права на субјектот на лични податоци
Субјектот на личните податоци има право да побара од Банката:
Субјектот на личните податоци има право да поднесе барање до Агенцијата за заштита на лични податоци, доколку смета дека обработката на неговите лични податоци, ги прекршува одредбите од Законот за заштита на личните податоци, притоа не доведувајќи ги во прашање кои било други управни или судски средства за правна заштита.
НЛБ Банка АД Скопје применува соодветни технички и организациски мерки за безбедност на обработката на личните податоци на Корисниците (клиентите), согласно законската регулатива, подзаконските акти, стандардите за безбедност на податоци и интерните процедури на банката.
Подетални информации за остварување на правата на Корисникот (клиентот) како субјект на лични податоци може да се прочитаат во Политиката за приватност на НЛБ Банка АД Скопје објавена на веб-страницата www.nlb.mk или да се обратите до офицерот за заштита на личните податоци.
Контакт податоци на офицерот за заштита на личните податоци на НЛБ Банка АД – Скопје: dpo@nlb.mk
Со притискање на копчето „Прифаќам“, Корисникот ја изразува својата согласност и ги прифаќа овие услови за користење, ги прифаќа нивните одредби како обврзувачки и се согласува да ги изврши.
НЛБ Банка АД Скопје го задржува правото во било кое време да ги измени или дополни овие Правила и Услови за отварање на платежна сметка со електронска идентификација и електронски потпис преку OneID како што смета дека е неопходно и е потребно. Корисникот ќе биде навремено известен за сите промени и истите ќе му бидат достапни во секое време додека апликацијата е во употреба.
Овие услови за користење влегуваат во сила од моментот на нивното прифаќање