Pređi na sadržaj

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Уплата на дневен пазар на самоуслужни уреди

CDS (Cash Deposit System) уредите претставуваат напреден дигитален канал за депонирање дневен пазар од правни лица, со што се оптимизира работењето и се намалува потребата од физичко присуство во експозитура.
Депонирање на пазарот
без чекање ред во експозитурите
Располагање со средствата
веднаш по трансакцијата
Намалување на
готoвински трансакции
На 20 локации
низ целата држава

ОПЕРАЦИОНА ЕФИКАСНОСТ И ПРЕДВИДЛИВОСТ

Со CDS уредите, компаниите добиваат автоматизиран процес без човечки фактор, што значи побрза обработка, минимизирање на грешки и максимална точност.

Овој модел е веќе стандард кај водечките европски банки и претставува еден од најкористените канали за депонирање на готовина.

БРЗО И ЛЕСНО

Депонирањето на дневниот пазар се извршува во секој момент, без ограничување од работното време на експозитурите и без чекање ред. Средствата се евидентираат веднаш по трансакцијата, овозможувајќи подобар cash-flow менаџмент и поголема ликвидност на компанијата. Уредите користат висок степен на физичка и електронска заштита, усогласени со најдобрите европски банкарски практики. CDS уредите се поставени на стратешки локации низ државата, со цел да обезбедат практична и брза услуга за сите деловни корисници.

Како да ја активирам услугата?

За да ги користи самoуслужните уреди за депонирање на готовински депозит, клиентот треба да има отворена трансакциска сметка во НЛБ Банка и да поседува бизнис дебитна картичка (Business Debit Card) на правно лице или приватна дебитна картичка (Personal Debit Card) кои гласат на овластениот доносител.

Овој модел овозможува прецизна контрола на пристапот и трајно следење на трансакциите, согласно корпоративните безбедносни протоколи.

Користењето на CDS уредите во моментов е целосно бесплатно, без дополнителни трошоци и без провизии. *Овој услов важи до евентуално следно ажурирање на тарифникот.

Како се користи уредот?

1.Изберете јазик на кој сакате да го користите уредот
2.Внесете ја картичката во Card reader-от
3.Внесете го ПИН-от
4.Изберете платежна сметка за уплата
5.Поставете ги парите на означеното место
6.Потврдете ја уплатата