Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

На состојбата на картичката имам двојно задолжување, односно задолжување на неточен износ. Што треба да направам?

Двојни задолжувања или задолжувања на неточен износ, во најголем број случаи, се резултат на грешки во моментот на продажба на ПОС терминалите или на интернет или при обработка на трансакциите во процесните центри. Во таков случај, Ви предлагаме да се обратите во најблиската експозитура на НЛБ Банка, како би поднеле Барање за оспорување на трансакција. Ако барањето има основ, едно од дуплите задолжувања ќе Ви се врати на сметка, односно неточното задолжување ќе се коригира со точно задолжување.

Поврзани прашања

Подигнувањето на готовина со дебитна картичка на НЛБ Банка од сите НЛБ Банкомати е без провизија. Исто така имате можност да подигнувате готовина без провизија на сите банкомати од НЛБ Групацијата во Црна Гора, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово.

Прочитај повеќе

Ако го заборавите / изгубите PIN кодот на картичката, имате можност да барате реизработка на истиот со поднесување на барање за реизработка на PIN код во најблиската експозитура на НЛБ Банка, со приложување на важечки документ за лична идентификација. Реизработениот PIN код се доставува во Вашата матична експозитура (каде што и иницијално сте ја добиле картичката).

Прочитај повеќе

За да аплицирате за дебитна или кредитна картичка, потребно е да ја посетите најблиската експозитура на НЛБ Банка и да доставите документ за лична идентификација и соодветно барање за картичката за која сакате да аплицирате.

Прочитај повеќе