Секојдневно банкарство
Сметки
Останати производи
Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка? Прочитај повеќе
За да аплицирате за дебитна или кредитна картичка, потребно е да ја посетите најблиската експозитура на НЛБ Банка и да доставите документ за лична идентификација и соодветно барање за картичката за која сакате да аплицирате. Доколку сте корисник на НЛБ мКлик апликацијата за мобилно банкарство со право на плаќање, може да аплицирате за кредитна картичка од кое било место и во кое било време, директно преку Вашиот мобилен телефон. Потребните документи за аплицирање како и детални информации за картичните продукти на НЛБ Банка можете да добиете на следниот линк.
Подигнувањето на готовина со дебитна картичка на НЛБ Банка од сите НЛБ Банкомати е без провизија. Исто така имате можност да подигнувате готовина без провизија на сите банкомати од НЛБ Групацијата во Црна Гора, Словенија, Србија, Босна и Херцеговина и Косово.
Прочитај повеќеАко го заборавите / изгубите PIN кодот на картичката, имате можност да барате реизработка на истиот со поднесување на барање за реизработка на PIN код во најблиската експозитура на НЛБ Банка, со приложување на важечки документ за лична идентификација. Реизработениот PIN код се доставува во Вашата матична експозитура (каде што и иницијално сте ја добиле картичката).
Прочитај повеќеДневен лимит за подигнување готовина од банкомат е максималниот износ кој можете да го подигнете од банкомат од една картичка, во еден ден. Овој износ е во зависност од типот на картичката и е автоматски сетиран од Банката.
Прочитај повеќеSeznam za primerjavo je prazen
Na primerjalnem seznamu ni shranjenih izračunov. Za primerjavo morate dodati nekaj izračunov.