НЛБ Банка АД Скопје
Ул: Водњанска бр. 1, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
НЛБ Банка Скопје е трета по големина банкарска институција во Северна Македонија, длабоко интегрирана во локалната економија и активен учесник во поддршката на реалниот и граѓанскиот сектор. Основана во 1985 година, во 1993 година почнува да функционира како комерцијална банка, а во 2000 година станува членка НЛБ Групацијата. НЛБ Групацијата не е само финансиска институција, а за неа, овој регион не е само точка на мапата, туку дом полн со можности.
Како Банка креираме сеопфатни финансиски решенија кои ги поддржуваат луѓето и бизнисите. Го развиваме работењето во согласност со потребите на пазарот и нашите клиенти. Наша цел е да создававме финансиски решенија што им помагаат на клиентите да растат, инвестираат и да градат финансиска сигурност. Ние додаваме вредност, градејќи партнерства и овозможувајќи му на секој клиент да ги оствари своите амбиции и потенцијали.
Покрај добрите деловни и финансиски резултати кои го поддржуваат економскиот развој, иницираме промени на подобро во средината во која делуваме и придонесуваме за подобар квалитет на живот за сите.
Лидери во иновации, дигитална трансформација и супериорно корисничко искуство
Тони Стојановски е Главен извршен директор и претседател на Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје од септември 2024 година. Тој е магистер по економски науки од областа на монетарната економија, банкарски професионалец со неколку децениско работно искуство во финансискиот сектор и долгогодишен член на релевантни одбори и организации. На челната позиција во НЛБ Банка Скопје, Стојановски дојде од Стопанска банка Скопје, каде што беше член на Управниот одбор 15 години, извршувајќи различни високо-раководни позиции. Претходно, Стојановски извршувал и високо-раководни функции во Народната банка на Република Северна Македонија, вклучувајќи ја и позицијата Генерален директор на Секторот за супервизија, банкарска регулатива и финансиска стабилност.
Кирил Бухов се приклучи на тимот на НЛБ Банка Скопје во јануари 2025 година, како помошник на Управниот одбор. Професионалната кариера ја започнува во областа на телекомукациите во 2001, а во банкарството преминува во 2006 година. До 2025 година работи во Халкбанк АД Скопје каде напредува до позицијата Директор на сектор за информациски системи. Бухов е дипломиран инженер на Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, каде завршува и магистерски студии по проектен менаџмент. Поседува богато искуство од областа на дигиталната трансформација, кибер безбедноста, банкарските операции и информациските технологии.
Драгиша Тадиќ доаѓа од НЛБ Комерцијална Банка, Белград, од позицијата Извршен директор за кредитни ризици, која ја извршуваше и во периодот помеѓу 2015 и 2020 година во НЛБ Банка, Белград. Од 2020 до 2022 година, тој е помошник на Управниот одбор на Комерцијална банка, Белград. Неговото искуство е поврзано и со лизинг операции. Тадиќ моментално е член на Надзорниот одбор на НЛБ Leasing&Go, Белград, а до 2015 година работеше во ПроКредит Лизинг, Белград. Има диплома од универзитетот во Белград во областа на меѓународната економија и трговија, како и од универзитетот во Љубљана во областа на деловната администрација.
Катерина Јанковиќ е финансиски експерт со над 20 години искуство во банкарскиот сектор. Работејќи за две големи банкарски групации – Société Générale и Steiermärkische Sparkasse, таа успешно напредува до високи менаџерски позиции, стекнувајќи длабоко познавање и искуство во корпоративно банкарство и банкарство за население, со особен фокус на продажна стратегија, планирање и воведување на нови банкарски продукти.
Во Управниот одбор на НЛБ Банка Скопје доаѓа од Шпаркасе Банка Скопје, каде од 2021 година ја извршуваше функцијата Директор на Секторот за население. Таа поседува длабоко познавање на финансиските пазари, регулаторните рамки и управувањето со ризици, и има истакнати комуникациски и лидерски вештини.
Нејзиниот стратешки пристап беше клучен за спојувањето и интеграцијата на Охридска и Шпаркасе Банка во 2021 година, потврдувајќи ја нејзината способност да управува со големи трансформации и комплексни деловни процеси.
Јанковиќ е дипломиран економист на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и магистер по деловна администрација (MBA) во финансии на Универзитетот во Шефилд во Солун.
Бојан Стојаноски е банкарски експерт со над 20 години искуство на високо раководни позиции во банкарскиот сектор, во областа на корпоративното банкарство, управување со ризици, кредитирање, финансиски менаџмент и управување со средства. Во НЛБ Банка Скопје доаѓа од Стопанска банка АД Скопје, каде што од 2020 до 2025 година е член на Управниот одбор и Генерален директор за управување со ризици. Во периодот од 2012 до 2019 година, работи во Халкбанк АД Скопје, најпрво како Заменик генерален директор задолжен за продажба, финансиски пазари и средства, а подоцна како Заменик генерален директор за кредитни ризици и финансии. Стојаноски е магистер по економски науки при Економскиот институт - Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје и има диплома по економија на истиот универзитет.
НЛБ Банка АД Скопје
Придружете ни се
Станете дел од тим на врвни професионалци кои, преку постојано подобрување на својот потенцијал и развивање на знаењата и вештините, обезбедуваат висококвалитетни банкарски услуги.