Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Аналитичар на податоци
Локација:
Тип:
Краен рок за аплицирање: 10.8.2026

Аналитичар на податоци

Твоја улога во тимот:

  • Учество во ефикасно функционирање на процесите за управување со податоци, управување со квалитетот на податоците и управување со податоците кои се користат за аналитички и решенија засновани на вештачка интелигенција;
  • Идентификување области за подобрување во процесите поврзани со податоци, нивниот квалитет, тек, употреба и подготвеност за користење во модели и решенија засновани на вештачка интелигенција;
  • Анализа, профилирање и проверка на податоци со цел обезбедување точност, комплетност, конзистентност и доверливост;
  • Поддршка при дефинирање, имплементација и следење на правила и контроли за квалитет на податоците;
  • Следење и унапредување на индикаторите за квалитет на податоци (DQI);
  • Изработка, анализа и дистрибуција на извештаи за квалитет на податоците до релевантните засегнати страни;
  • Координација и поддршка при решавање на идентификувани предизвици поврзани со квалитетот на податоците низ целиот тек на податоците;
  • Соработка со старатели на податоци, производители на податоци, корисници на податоци, ИТ тимови и други организациони единици;
  • Поддршка при одржување и унапредување на метаподатоци, правила за валидација, data lineage и документација поврзана со податоците;
  • Учество во иницијативи поврзани со автоматизација на рачни контроли и подобрување на процесите за следење на квалитетот на податоците;
  • Учество во воспоставување и унапредување на рамката за управување со вештачката интелигенција во Банката, со фокус на квалитет на податоците, документација, следливост, контроли и усогласеност со интерните политики и регулаторните барања;
  • Поддршка при проценка и класификација на решенија засновани на вештачка интелигенција, подготовка и одржување на потребната документација, како и следење на барањата поврзани со одговорна и етичка употреба на вештачка интелигенција;
  • Придонес кон развој на култура на управување со податоци и одговорна употреба на AI технологии во Банката.

 

Твојот профил:

  • Универзитетско образование од областа на економија, финансии, бизнис, инженерство, информатика, компјутерски науки или друга релевантна насока;
  • Работно искуство во областите на анализа на податоци, управување со податоци, квалитет на податоци, известување или слична област ќе се смета за предност;
  • Познавање на принципи за управување со податоци, анализа на квалитет на податоци, и контролни активности ќе се смета за предност;
  • Познавање на банкарски процеси, политики, процедури, системи и извештаи ќе се смета за предност;
  • Искуство со алатки за анализа и обработка на податоци како SQL, Excel, Power BI, Tableau, Qlik или слични алатки ќе се смета за предност;
  • Разбирање на data profiling, data cleansing, data lineage, метаподатоци и животен циклус на квалитетот на податоците ќе се смета за предност;
  • Интерес за AI governance, одговорна употреба на решенија засновани на вештачка интелигенција, документација, контроли и регулаторна усогласеност во делот на податоците и вештачката интелигенција;
  • Одлично познавање на англиски јазик;
  • Добри аналитички способности, прецизност, љубопитност и интерес за работа со податоци;
  • Способност за приоретизирање, организација и паралелно следење на повеќе активности;
  • Одлични комуникациски и соработнички вештини, тимски пристап и способност за работа со повеќе засегнати страни;
  • Проактивност, одговорност, професионална етика и ориентираност кон навремено и квалитетно завршување на задачите;
  • Желба за учење, личен развој и работа во динамична средина со високи барања.

Твој мотив да ни се придружиш:

 

·         Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;

·         Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;

·         Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;

·         Позитивна организациска култура и слободни денови за различни пригоди, вклучително и ден за роденден;

·         Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;

·         Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд)

·         Политика за наградување на високи перформанси и позитивен придонес кон тимот и организацијата

·         Настани и активности за подобрување на благосостојбата на вработените

·         Одбележување на значајни денови и фамилијарни настани

·         Платено отсуство за татковство

 

Те очекуваме да аплицираш со достава на апликација во делот кариера на www.nlb.mk или на nlbkariera@nlb.mk со назнака “ Аналитичар на податоци” најдоцна до 10.08.2026 година.

 

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.