Локација: Скопје, со можност за работа од далечина или хибриден модел, во зависност од деловните потреби и локацијата на кандидатот.
За позицијата
НЛБ Групацијата бара професионалец од областа на управување со ризици или финансии кој ќе се приклучи на Групациската функција Group Independent Validation Function — независна функција од втората линија на одбрана, која ја поддржува усогласеноста со Базелските принципи BCBS 239.
Позицијата нуди можност за работа на ниво на Групацијата со податоци од областа на управување со ризици, финансиско и регулаторно известување, управување со податоци, контролни механизми и процеси за известување во различни членки и функции на НЛБ Групацијата.
Оваа улога е наменета за професионалци кои сакаат да анализираат комплексни податоци, да ги преиспитуваат претпоставките и независно да оценуваат дали податоците се точни, целосни и веродостојни, а процесите и контролите се соодветни и ефективни.
· Оценување на процесите за агрегирање на податоци за управување со ризици, финансиско и регулаторно известување и поврзаните контролни механизми
· Проверка на рамките за управување со податоци, вклучително сопственост на податоците, одговорност, ескалација и управување со идентификувани слабости
· Оценување на деловните правила за квалитет на податоците, усогласувањата, контролите во известувањето и процесите за управување со исклучоци
· Проценка дали извештаите од областа на управување со ризици и финансии се точни, целосни, навремени, јасни и соодветни за нивната намена
· Идентификување контролни слабости, недоследности и области во кои е потребна корективна активност
· Спроведување независни тестирања на избрани податоци, пресметки, контроли и извештајни резултати
· Подготовка на јасни наоди, заклучоци и препораки
· Следење на реализацијата на корективните активности и оценување дали утврдените слабости се соодветно отстранети
· Соработка со колеги од Ризици, Финансии, ИТ, Управување со податоци, Усогласеност и Внатрешна ревизија
Профил на кандидатот
· Високо образование од областа на финансии, управување со ризици, економија, сметководство, деловна администрацијаили сродна област
· Најмалку пет години релевантно професионално искуство во една или повеќе од следните области:
o Управување со ризици
o Финансии или финансиско известување
o Регулаторно известување
o Управување со податоци и квалитет на податоци
o Внатрешна ревизија
· Добро познавање на процесите за известување, контролите, управувањето со податоци и концептите за квалитет на податоците
· Силни аналитички способности и внимание на детали
· Способност за самостојна и објективна проценка, со донесување заклучоци и препораки врз основа на факти, анализи и докази
· Одлични комуникациски вештини (писмени и усни)
· Способност за ефикасна соработка со различни функции и повисоки нивоа на менаџмент
· Одлично познавање на англискиот јазик, писмено и усно
Ќе се смета за предност
· Искуство во банкарство или финансиски услуги
· Познавање на BCBS 239 или други Базелски регулаторни рамки
· Искуство со агрегирање на податоци и регулаторно известување
· Искуство во втора линија на одбрана, внатрешна ревизија или независна валидација
· Познавање на SQL, алатки за анализа на податоци или платформи за известување
Што нудиме?
· Позиција на ниво на Групацијата со пристап кон различни членки на НЛБ Групацијата
· Можност за развој на специјализирана експертиза во BCBS 239
· Соработка со искусни професионалци од Ризици, Финансии, ИТ и Управување со податоци
· Работа на комплексни активности од висока важност и реално значење за Групацијата
· Високо ниво на професионална независност и одговорност
· Флексибилен модел на работа
· Теренска работа и патувања во рамки на регионот на НЛБ Групацијата
Те очекуваме да аплицираш со достава на апликација во делот кариера на www.nlb.mk или на nlbkariera@nlb.mk со назнака “ Специјалист за Управување со ризици / финансии” најдоцна до 31.08.2026 година.
Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.