Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Банкарски советник (За експозитура во Скопје)
Локација:
Тип:
Краен рок за аплицирање: 30.9.2026

Банкарски советник (За експозитура во Скопје)                      

 

Клучни одговорности

·         Спроведување на благајнички и менувачки работи, платен промет, банкомaтско работење;

·         Промовирање, понуда и продажба на банкарски продукти и услуги;

·         Континуирана грижа за клиентите и постојано унапредување на продажните процеси;

·         Проактивно привлекување нови клиенти и збогатување на клиентската мрежа на Банкатa; 

 

Профил на кандидатот

·         ·         Универзитетско образование или студенти на додипломски/ постдипломскки студии, како предност ќе се смета економска насока;

·         Претходно искуство со работа со готовина ќе се смета за предност;

·         Развиени комуникациски и продажни вештини, желба и ориентираност за работа со клиенти;

·         Агилност, организираност и проактивност во градење добра тимска атмосфера;

·         Познавање на основни ИТ алатки, познавање на англиски јазик ќе се смета за предност

 

Што нудиме?

·         Препознатлив регионален бренд и современо работно опкружување;

·         Меѓусебната доверба и грижа за другиот се основни начела во работењето;

·         Напредна обука и индивидуален кариерен развој; менторство од врвни банкарски експерти;

·         Позитивна организациска култура и слободни денови за различни пригоди, вклучително и ден за роденден;

·         Континуирано учество во групациски корпоративни проекти;

·         Конкурентен пакет на плата и надоместоци (вклучително приватно здравствено осигурување, трет пензиски фонд)

·         Политика за наградување на високи перформанси и позитивен придонес кон тимот и организацијата

·         Настани и активности за подобрување на благосостојбата на вработените

·         Одбележување на значајни денови и фамилијарни настани

·         Платено отсуство за татковство

 

Те очекуваме да аплицираш со достава на апликација во делот кариера на www.nlb.mk или на nlbkariera@nlb.mk со назнака “Банкарски советник” најдоцна до 30.09.2026 година.

 

Само кандидатите кои ги исполнуваат основните критериуми ќе бидат контактирани за интервју.