Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Со почит кон минатото, со визија за иднината

Традицијата и културното наследство се темелите на нашиот идентитет.

 

Посветени сме на афирмација на нашето културно наследство, но и на поддршка на современите проекти кои ја обликуваат денешната културна сцена. 

 

Веруваме дека културата не смее да остане на маргините - таа треба да биде жива, видлива и достапна за сите. Чувајќи го минатото и промовирајќи ја современата уметност и култура, градиме мост помеѓу генерациите и создаваме иднина со почит кон корените.

 

Нашата поддршка опфаќа широк спектар на иницијативи – од проекти насочени кон заштита и промоција на историското и културното наследство, до поттикнување на современи уметнички практики и нови генерации на креативци.

 

Преку поддршка на македонската уметност, ја поддржуваме креативноста и ја зајакнуваме нејзината улога во општеството. Уметниците се носители на културниот развој и глас на времето во кое живееме. Вложувајќи во домашната уметничка сцена, ја негуваме културната разноликост и создаваме услови за нејзин континуиран раст и поголема видливост – како во земјата, така и надвор од неа.

 

Ние сме посветен партнер на бројни културни настани, институции и иницијативи. Нашата визија е иднина во која младите со гордост ја носат својата културна припадност. Преку низа проекти и иницијативи, ги охрабруваме да се поврзат со сопственото наследство, да го разберат и вредуваат и да ги негуваат културните вредности сега и во иднина.