Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка? Прочитај повеќе
Ние во НЛБ Банка, веруваме дека свет полн со добрина е свет полн со можности. Одговорноста кон заедницата во која делуваме ја гледаме како наша мисија. Во исто време, добро знаеме дека не можеме сами да го промениме општеството на подобро, туку само здружени и заедно со поединци и организации кои веќе работат на општествено корисни проекти и создаваат подобар свет.
Континуирано организираме и поддржуваме активности и иницијативи на организации и институции кои носат позитивни промени и се силна поддршка во заедницата. Среќни сме кога помагаме, кога мотивираме и инспирираме на добри дела.
Нашите хуманитарни активности вклучуваат помош за ранливи категории на граѓани, донации за здравствени и социјални институции, како и поддршка на локални и национални организации кои работат на терен.
Секој проект што го реализираме е наша искрена заложба да се подобрат нечии услови за живот, да се ублажат последиците од кризи, да се подаде рака во тешки моменти и да се помогне на оние на кои помошта им е најпотребна.
Seznam za primerjavo je prazen
Na primerjalnem seznamu ni shranjenih izračunov. Za primerjavo morate dodati nekaj izračunov.