Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Девизни / денарски гаранции - Ностро

Наша гаранција за сигурноста и успехот на вашиот бизнис
Намален ризик
Сигурна наплата и заштита од комерцијален ризик
Оптимални услови
За заемно исполнување на обврските од комерцијалната зделка
Можност за консултација
Професионална поддршка и насоки
Што е ностро-гаранција?

Гаранцијата е неотповиклива обврска на гаранторот да плати по презентација на документација за наплата во согласност со гаранциските услови и меѓународните правила на кои може да подлежи. Ностро е гаранцијата издадена од НЛБ Банка АД Скопје, по налог на нејзин комитент или за сопствени потреби.

Форма на издавање на гаранцијата

Гаранцијата се издава во хартиена форма на меморандум на банката или во електронска форма преку автентизирана SWIFT порака која се испраќа до банката на Корисникот или во електронска форма, потпишана со дигитален сертификат . Гаранцијата издадена во електронска форма од НЛБ Банка е потпишана со 2 (два) електронски потписи во форма на дигитален сертификат, од овластените лица. Овластените лица кои се носители на дигитален цертификат наменет за потпис на гаранциите во електронска форма се: Елена Ценева, Тања Шиљковски, Марија Јанчиќ, Елена Ицевска-Илиева, Магдалена Смилевска и Нина Петрова.

Контактирајте нè

<p>Сакате да Ве контактираме?</p>

Сакате да Ве контактираме?

Оставете ги вашите податоци и ќе ве контактираме во најкус можен рок.

<p>Јавете се во нашиот Контакт центар</p>

Јавете се во нашиот Контакт центар

Тука сме за сите ваши прашања 24/7.

Повеќе информации

Во Службата за документарно работење, лоцирана во Дирекцијата на Банката или експозитурата со која соработувате.

 За сите потребни информации можете да се обратите на:

  • egarancii@nlb.mk
  • 02 / 5100 – 490
  • 02 / 5100 – 822
  • 02 / 5100 – 473 
  • 02 / 5100 – 885
  • 02/ 5100-621 

Провизии и трошоци

 

Надоместоците зависат од видот и висината на изложеноста, типот на обезбедувањето, потребата за инволвирање на други банки итн. Повеќе детали имате во тарифникот на Банката.

 

(Тарифникот може да го превземете тука)

Потребни документи

  • Пополнето и потпишано Барање за издавање на гаранција
  • Примерок од документот во кој е дефинирана комерцијалната зделка, за која е потребна гаранција
  • Дополнителни документи во зависност од обезбедувањето и комерцијалната зделка
  • Договор за издавање на гаранцијата (се склучува со Банката пред издавање на гаранцијата)
  • (Образец-барањето може да го превземете тука)