*Дополнителни информации за надоместоците
Платежни налози- Бројот на платежни налози вклучени во секој пакет е наведен во табелата. За овие налози се наплаќа само провизија за платен промет за платежни налози преку интернет банкарство/мобилна апликација, согласно видот на налогот.
Доколку се надмине бројот на налози вклучени во избраниот пакет, за секој дополнителен налог се наплаќаат 5 МКД, покрај редовната провизија за платен промет.
СМС и е-пошта известувања- Бројот на СМС и е-пошта известувања вклучени во пакетот е прикажан во табелата. Секое известување над вклучениот број се наплаќа дополнително во износ од 5 МКД по известување.