Министерството за финансии на Р. Северна Македонија издава државни хартии од вредност на примарни аукции, кои ги организира Народна банка на Р. Северна Македонија, во функција на агент. Учеството на аукциите се врши преку овластени директни учесници - банки во Р. Северна Македонија.
НЛБ Банка АД Скопје од 2004 година активно учествува на аукциите како овластен учесник, во свое име, а за сметка на индиректни учесници на организираните аукции.
Активности поврзани со одржување на аукциите
Издавачот на хартиите, Министерството за финансии на Р. Северна Македонија, најдоцна 4 работни дена пред секоја аукција објавува Проспект на аукцијата каде се дадени сите детали и услови на аукцијата.
Пополнетoто Барање за купување на државни записи / обврзници, потпишано од овластено лице, треба да се достави најдоцна до 10.00 часот на факс 02/ 3212-927 или скенирано на e-mail адреса dhv@nlb.mk. Истовремено клиентот треба и телефонски да ги извести вработените во Банката за намерата за учество на аукцијата
Уплата за купување на државни хартии од вредност
За учество на аукциите за купување на државни хартии од вредност, пред почетокот на аукцијата, заинтересираните треба да извршат уплата на:
- дисконтиран износ на бараните државни записи и / или
- номинален износ на државните обврзници
Доспевање на државни хартии од вредност
На денот на доспевање на државните хартии од вредност, Министерството за финансии ги префрла средствата за доспеаните државни хартии од вредност на сметка на Банката. Истиот ден Банката, врз основа на Изводот за сопственоста на хартиите која се води во Централниот депозитар за хартии од вредност, ги пренесува средствата на сметките на сопствениците.