Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Сава Пензија плус

Сигурна дополнителна пензија за подобар животен стандард
Отворен доброволен фонд
Штедење преку работодавачот
Долгорочна заштеда
За посигурен пензионерски живот

Контактирајте нè

<p>Сакате да Ве контактираме?</p>

Сакате да Ве контактираме?

Оставете ги вашите податоци и ќе ве контактираме во најкус можен рок.

<p>Јавете се во нашиот Контакт центар</p>

Јавете се во нашиот Контакт центар

Тука сме за сите ваши прашања 24/7.

Важни информации

На доброволните придонеси уплатени од страна на осигурител за своите вработени или членови не се пресметува и плаќа персонален данок на доход, не се плаќаат социјални придонеси, а трошоците врз основа на уплатени доброволни придонеси во доброволен пензиски фонд се даночно признат расход за целите на пресметка на данок на добивка до законски пропишаниот износ.

 

Супервизор на капитално финансирано пензиско осигурување е Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување (МАПАС) www.mapas.mk

 

тел. 02 3224 229

Член со професионална сметка во Сава Пензија плус можете да станете доколку компанијата/здружението во кое сте вработени/член организира и финансира професионална пензиска шема. Осигурувачот/управителот определува кој вработен или член на здружението на граѓани може да биде член на пензиската шема. Со потпишување на договор и прва уплата станувате член на Сава Пензија плус.

 

Член на пензиска шема може да биде, единствено, лице кое е вработено кај трговско друштво или е член на здружението на граѓани кое формира професионална пензиска шема.

 

Зачленувањето во Сава Пензија плус можете да го извршите во некоја од експозитурите на НЛБ Банка, во просториите на Сава пензиско друштво АД Скопје или преку лиценцираните агенти во продажба.

 

Со потпишување на договор и прва уплата станувате член на Сава Пензија плус.