Преминете кон содржината

Како да бидете сигурни дека ова е веб-страницата на Вашата банка?  Прочитај повеќе

Имам постојано вработување во странство. Има ли можност, доколку извадам некаква гаранција, да аплицирам за хипотекарен кредит?

За државјани кои работат и живеат во странство и имаат статус на нерезиденти во Република Македонија, не е предвидено одобрување на кредити поради тоа што не можат соодветно да го потврдат своето редовно вработување и приходи.


Исклучок се случаите кога може да се обезбедат валидни потврди за статусот на вработување, приходите или соодветна гаранција. Вашето барање секако ќе биде предмет на разгледување, за што е најдобро да се обратите преку 02/15 600 - Контакт центарот на Банката или на е-мејл: info@nlb.mk, како би можеле да договориме состанок или разговор со надлежните лица во Банката.

Поврзани прашања

Доколку сте корисник на НЛБ Потрошувачки кредит и Ви се потребни дополнителни финансиски средства, имате можност да го рефинансирате кредитот на тој начин што ќе поднесете апликација за нов НЛБ Потрошувачки кредит во најблиската експозитура на НЛБ Банка. Постапката на рефинансирање подразбира исплата на долгот на стариот кредит и отворање на нов кредит.

Прочитај повеќе

Постои можност за рефинансирање на кредити од друга Банка. За да можеме да Ви го рефинансираме кредитот, потребно е да ја префрилите Вашата плата или пензија во НЛБ Банка и да аплицирате за кредит.

Прочитај повеќе

Максималниот одобрен износ за НЛБ Станбен кредит или НЛБ Потрошувачки кредит зависи од Вашата кредитна способност која се утврдува по направената кредитна анализа во некоја од експозитурите на НЛБ Банка.

Прочитај повеќе